фокус
Еден од предусловите за успех во училиште е правилниот начин на учење и помнењето на наученот материјал. Во литературата а и на интернет, може да најдеме бројни совети кои ни помогнат во начинот на учење, постојат разни техники кои може да ги совладаме и методи кои се користат за побрзо и полесно помнење. Меѓутоа во […]
Нашата мисија се заснова на изреката: „Секој ден без образование не е стагнација, туку загуба во животот на детето!“ Ментална аритметика и следење на наставата од топлите домови Со Малац Генијалац учењето не сопира дури и за време на глобалната пандемија, а сето ова првенствено ни го овозможува нашата моќна алатка- интернет веб […]
Интернационалното училиште “Малац Генијалац” постои во 12 земји, 182 училишта кои успешно работат, за што зборуваат 28,325 задоволни корисници. Нашите ученици за кратко време постигнуваат извонредни резултати. По два месеци посетување на настава во нашето училиште децата се во можност да пресметуваат ментално, што не е случај со другите програми од ваков вид во кои […]
Личност која е ментално јака полесно може да се справи со предизвиците од секојдневниот живот, затоа драги родители овозможете му на вашето дете лесен и брз начин да се справи со предизвиците со кои се соочува во секојдневниот животот. Тоа може да го потигнете само со тренинг на мозокот односно со ментална аритметика. Менталната аритметика […]
Како функционира мозокот? Мозокот фукнкционира исто како секој дел од телото. Ако не го вежбаме тој станува тром и се опушта. Затоа треба да се вежба. Токму поради тоа, накратко ќе ви преставиме неколку едноставни но многу ефикасни техники, за кои не ви требаат пари, ниту пак било каква подготовка, па дури ни многу време. […]
Како функционира мозокот? Мозокот фукнкционира исто како секој дел од телото. Ако не го вежбаме тој станува тром и се опушта. Затоа треба да се вежба. Токму поради тоа, накратко ќе ви преставиме неколку едноставни но многу ефикасни техники, за кои не ви требаат пари, ниту пак било каква подготовка, па дури ни многу време. Може да ги правите насекаде и во секое време. Дома, на работа и додека јадете. Еве за што се работи:
ПОСЕТАТА НА НОВИ МЕСТА ЈА СТИМУЛИРА ПЕРЦЕПЦИЈАТА
Како до тренинг на мозокот на најлесен начин, едноставно е, трудете се секогаш кога имате можност и прилика да посетите некое ново место или пак место на кое ретко одите. На овој начин, визуелните стимулси ја надразнуваат перцепцијата, што позитивно влијае на мозокот. Тоа не мора да значи посета и одење на некое далечно место, што финансиски не можеме да си го дозволиме. Мозокот може да го тренираме секојдневно и бесплатно, лесно и едноставно. Но како? Доволно е да изберете некој друг пат за да стигнете до својот дом, нема потреба секогаш да одите по истиот пат, подобро познатите улици, потоа посетите некој друг ресторан или друга кафетерија, можеби и некоја друга игротека или парк кој ќе биде многу поинтересен од досегашниот како за вашите деца, така и за вас. Постојат многу можности, а ваше е да ги искористите.
РАЗЛИЧНИ МИРИСИ- ОДЛИЧЕН ТРЕНИНГ ЗА МОЗОКОТ
Стимулирајте го мозокот со различни и пријатни мириси. Користете шишенца со различно етерично масла, ароматични свеќи или миризливи стапчиња. Препуштете се на мирисите кои никогаш пред не сте ги осетиле. Непознатите ароми ќе ви го разбудат мозокот.
ОДЕЊЕ СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ
Одењето со затворени очи е одлична вежба за концентрација. Секако, ова се препорачува само во добро познати простории како што се вашиот стан или куќа, вашиот двор, широка песочна плажа или пак простори каде што не постои опасност да се случи некоја незгода .
Возрасните луѓе знаат која рака им е доминатна и со која рака пишуваат. Деца тука се многу послободни од возрасните и склони се на експериментирање. Пробајте да се опуштите. Секако, нема да можете сега, после многу години навика да пишувате со левата рака ако сте деснак, но пробајте да ги измиете забите со левата рака. Тоа не би требало да биде многу тешко, а има многу големо влијание на тренингот на вашиот мозок.
ОБЛЕКАТА ЈА ПОТИКНУВА КРЕАТИВНОСТА
Верувале или не, облеката која ја носите влијае и на начинот на кој размислувате, а смислувањето на нови комбинации од оние парчиња кои ги имате во вашиот плакар, ја потикнува креативноста. Токму поради тоа, препуштете се на твојата фантазија и креативност, секој ден.
ПРЕДИЗВИЦИТЕ ГО ТРЕНИРААТ МОЗОКОТ
Бидете самоуверени и прифатете нови предизвици. Мозокот најмногу се активира кога не знаете што точно треба да направите, на тој начин, во исто време се развивате и себе и своите способности.
ДОПИРОТ- КАКО ЕДЕН НАЧИН КАКО ДА СЕ ЗАРВИВА МОЗОКОТ
Научете на допир да разликувате железни парички. Оваа вежба е корисна на повеќе начини, од една страна го развива осетот за допир, а од друга ги ‘‘вежба‘‘ нервните ќелии.
ФОКУС
Од време на време сменете го фокусот. Ако читате модни магазини, следен пат купете некој во кој главна тематика е економијата. Обожавате статии за патување и несекојдневни дестинации? Следен пат кога ќе налетате на таква, прескокнете ја и прочитајте некоја статија за животните. Менување на фокусот и рутините го развива мозокот, а така може да откриете и нешто ново и несекојдневно за вас. Секако, гледајте секогаш таа промена да има смисла, и да не се одалечува од вашите интереси.
ХУМОР-ОДЛИКА НА ИНТЕЛИГЕНТНИТЕ ЛУЃЕ
Раскажувањето анегдоти и хуморот, не е само забавно туку е и многу корисна ментална активност. Хуморот повлекува мрежа нови асоцијации и развива креативност.
Научно е докажано дека менталната аритметика претставува најефикасен тренинг за мозокот.
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК
МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!