СУПЕР УМ

Програмата СУПЕР УМ

Програмата СУПЕР УМ претставува надградба на програмата по ментална аритметика, опфаќајќи решавање на комплексни математички проблеми единствено по ментален пат, токму поради тоа ја нарекуваме – ментална математика. Програмата всушност претставува трета година и највисоко ниво во училиштето Малац Генијалац… Наменета е за сите ученици на „Малац Генијалац“, кои успешно го совладале основното и напредното ниво на програмата. Исто така наменета е и за сите деца од 10 до 17 години, кои не биле дел од програмата по ментална аритметика, а кои имаат посебени афинитети и склоности кон математика.

Ги обработуваме следниве математички области (за основа ги имаат четирите основни аритметички операции, со кои се сретнавме во претходните две години од нашата програма):

  • Прости фактори
  • Степенување
  • Коренување (квадратен корен, кубен, четврти, петти и шести корен)
  • Пропорција
  • Равенки
  • Дропки
  • Пресметување на времето
  • Конверзија на валути
  • Календар
  • Бинарен код

И уште многу други интересни и важни области, кои на децата им се од практично значење. На овој начин децата ги подготвуваме за одредени области од редовното образование, ја будиме нивната љубопитност и им нудиме способност за решавање задачи, кои редовниот образовен систем не ги овозможува.

Нашите ученици, по завршување на две училишни години по ментална аритметика, ги совладуваат проблемските задачи по ментален пат, без никакво помагало, а сега имаат прилика да ги подигнат своите вештини на едно повисоко ниво – решавајќи комплексни математички операции на ист начин – исклучиво преку мисловен процес.

Со оглед на сложеноста на задачите и потребата да се запомнат повеќе информации истовремено, додека се бара решението на проблемот, активноста на мозочните ќелии експоненцијално расте – со тоа, нашата програма, СУПЕР УМ, претставува извонреден тренинг за мозокот.

Нека и вашето дете го продолжи своето усовршување во нашето училиште, нека и тоа има СУПЕР УМ!