За Нас

Mentalna aritmetika Malac Genijalac

Малац Генијалац е интернационален едукативен систем, наменет за здрав развој на детскиот мозок. Цели на Малац Генијалац се поттикнување и развивање на интелектуалните вештини и способности на децата, започнувајќи од најрана возраст. Следејќи ја оваа визија Малац Генијалац, успешно го спојува „најдоброто од два различни света” т.е. успешно ги применува драгоцените искуства на Истокот и Западот.

НАШИОТ ТИМ

Главен ментор на програмата по ментална аритметика е госпоѓата Даница Банзиќ, мастер учителка по ментална аритметика. Госпоѓа Банзиќ е најголемиот домашен балкански стручњак во однос на оваа област и е еден од најеминентните европски стручњаци за јапонскиот абакус (соробан), со специјализација во Токио на престижната Академија Tomoe Soroban. Член е на меѓународната абакус асоцијација, организатор и учесник на значајни меѓународни натпревари и Олимпијади по ментална аритметика. Автор е на првата книга на српски јазик по ментална аритметика.

Тимот на училиштата „Малац Генијалац” го сочинуваат исклучиво факултетски образовани стручњаци, просветни работници, учители, психолози, дефектолози и воспитувачи, кои го поседуваат неопходното искуство и проверен сензибилитет за работа со деца. Секој наш наставник успешно ја поминал меѓународната обука, со што сите наши наставници се сертифицирани учители по Хикари ментална аритметика. Списокот на центри погледнете го на следниов линк. Мисијата на нашето училиште е создавање на генијални деца! Како го правиме тоа?

НАШАТА МИСИЈА

  • Развивање на свеста кај родителите, за потребата за поттикнување на развојот на детските когнитивни способности.
  • Обезбедување сигурно, стимулативно и креативно образовно окружување, каде децата можат да растат и развиваат во зрели поединци.
  • Единствена програма со модерна технологија, реализирана од страна на стручен наставен кадар.

НАШАТА ВИЗИЈА

Нашата визија е создавање посигурна иднина за нашите деца, во која тие ќе бидат организирани, дисциплинирани, способни ефикасно да ги решаваат проблемите, полни со почит кон себе, но и кон другите, силни, отпорни и независни, односно УСПЕШНИ И СРЕЌНИ!

Да ги зајакнеме идните генерации!
Заедно го создаваме нивното подобро утре!