Училиштето за Ментална аритметика Малац Генијалац (Malac Genijalac) во својата настава применува оригинална ХИКАРИ光програма за ментална аритметика. Програмата поседува единствена метода која потекнува од Јапонија, земјата која е колевка на оваа престижна дисциплина. На јапонскиот јазик значи светлост и симболизира процес на учење и будење (осветлување) на нашите ментални капацитети. Хикари програмата создадена е како резултат на долгогодишна работа на психолози, педагози и други стручни лица од областа на едукацијата и образованието, а се заснова на употреба на древната сметалка абакус (算盤jaп. Соробан), со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо сметање.
ХИКАРИ 光 ПРОГРАМАТА наменета е за деца на возраст од 4. дo 12. години, затоа што во тој период најмногу се развива детскиот мозок, односно се создаваат мозочни синапси (врски помеѓу мозочните клетки). Колку е поголем бројот на синапсите што ги поседува, толку се подобри менталните способности. Менталниот развој се постигнува на забавен и разигран начин, со програма која се заснова на три клучни работи: сметање со абакус, ментална аритметика и дидактички игри.
Целта на програмата е детето максимално да ги разбуди своите ментални капацитети и да стане „Малац Генијалац (Malac Genijalac)”.

Aбакус фазата подразбира почетни нивоа, на кои децата учат како да ја користат посебната сметалка – aбакус. Во оваа фаза, фокусот на учењето е на моторниот пристап и употребата на сетилни дразби (допир, визуелна перцепција и сетило за слух). Со едукацијата се активираат повеќе сетила, затоа што децата почнуваат да ги визуелизираат топчињата пред себе (визуелно), следејќи ги зборовите на предавачите (слушање) за да преземат конкретна активност и со поместувањето на топчињата (допир) да добијат точен одговор. Во текот на опишаната процедура се врши интензивен мозочен процес. Детските прстиња постојано се движат, ги допираат топчињата на абакусот, со што се интензивираат тактилните дразби кои делуваат во мозокот и значително го зголемуваат бројот на невронските врски (синапси). Операциите за сметање се изведуваат со пристите на двете раце, а тоа е многу важно, затоа што на тој начин се активираат двете (лева и десна) хемисфери на мозокот. Со тоа се зголемува менталниот и интелектуалниот капацитет на децата. Затоа со право може да се каже дека логичките операции што ги извршуваат децата на абакусот се вистинска мозочна гимнастика, нешто како чучнувања или склекови за мозок!