почитување
Почитувањето на другите децата го разбираат, учат и покажуваат баш како и сето останато што го учат во текот на растењето а тоа го прават гледајќи ги родителите. Едноставно кажано, ако децата се опкружени со возрасни кои покажуваат почит, и тие ќе го прават истото. Спротивно на тоа ако се опкружени со возрасни лица кои […]

Почитувањето на другите децата го разбираат, учат и покажуваат баш како и сето останато што го учат во текот на растењето а тоа го прават гледајќи ги родителите.
Едноставно кажано, ако децата се опкружени со возрасни кои покажуваат почит, и тие ќе го прават истото. Спротивно на тоа ако се опкружени со возрасни лица кои покажуваат непочитување, децата ќе се однесуваат исто како и нив кон луѓето од нивното опкружување. Викањето, погрдните зборови или сарказамот децата го впиваат како сунѓер, баш како што ги учат и останатите начини на однесување.
Не се грижите ако децата научат лоши манири од пријателите од градинка или училиште. По правило, тие ги имитираат родителите и го “превземаат” однесувањето кое е застапено во нивниот дома. Може ќе треба да помине некое време, но на крајот, поголемиот дел од децата го следат моделот на однесување кој го имате и вие.
Еве неколку совети како да го научите детето на почит:
- Бидете пример– Ако сакате детето да усвои некое однесување, така треба и вие да се однесувате.
- Поставите очекувања– Кога вашите очекувања се оправдано високи, децата ќе се трудат да ги достигнат.
- Научете ги да покажат почит– Објаснете им каков вид став и однесување е почитувањето, а каков вид е непочитувањето.
- Пофалете го детето– Кога ќе видите или слушнете како вашето дете ги третира другите со почит не заборавајте да го пофалите за таквото однесување. За нив тоа ќе биде одлична мотивација и потврда дека тоа го прават на добар начин.
- Разговарајте– Немојте да го игнорирате фактот дека децата понекогаш се изложени на лоши примери од околината. Ако шетате со детето и слушнете како некој минувач изговара погрдни зборови, разговарајте со детето за тоа и објаснете му зошто таквото однесување е навредливо и неприфатливо.
- Бидете доследни– Секогаш очекувајте од детето да биде љубезно, па дури и ако е уморно, поспано или нервозно. Објаснете му дека ако е уморно, му се спие или е нервозно не е причина да се однесува на несоодветен начин со другите.
- Покажете разбирање– Овој совет е тесно поврзан со предходниот. Ако станува збор за ситуација кога едно дете е уморно или нервозно, покажете му дека разбирате како се чувствува. Но треба и да му објасните дека може со зборови да искаже како се чувствува, “Ми се спие” или “Лут сум” е далеку по прифатливо наместо несоодветно однесување со другите.
- Нематеријална награда за добро однесување– Изразувањето почит е однесување кое навистина не би требали да биде посебно наградено, односно детето нетреба да очекува материјална награда ако се однесува учтиво и со почит. Вистинската награда за доброто однесување треба да се поврзе со нематеријалната награда и убав збор како што е пофалба.
- Покажете почит спрема детето– Ова е веројатно најзажен аспет во охабрувањето на детето да се однесува со почит. Секогаш покажете му на детето дека го почитувате и цените, па и тоа самото ќе ви врати на ист начин.