помнење
Еден од предусловите за успех во училиште е правилниот начин на учење и помнењето на наученот материјал. Во литературата а и на интернет, може да најдеме бројни совети кои ни помогнат во начинот на учење, постојат разни техники кои може да ги совладаме и методи кои се користат за побрзо и полесно помнење. Меѓутоа во […]
Вашето мало дете од раѓањето до третата година на животот учи со брзината на светлината, создавајќи 700 нови невронски врски секоја секунда. Вие можете да му помогнете во остварувањето на сопствениот потенцијал, бидејќи на развојот и растот на мозокот влијаат многу фактори, вклучувајќи ги односите кои детето ги создава со другите луѓе, неговите искуства и […]
Се наоѓаме на прагот пред новата учебна година а “Малац генијалац” со широко отворени врати ги очекува своите генијалци. Ако сакате вашето дете да ги развие своите потенцијали во целост и да напредува во учењето, вистинското место за тоа е училиштето за ментална аритметика Малац Генијалац. Децата кои што го посетуваат нашето училиште со нетрпение го чекаат секој нареден […]
Личност која е ментално јака полесно може да се справи со предизвиците од секојдневниот живот, затоа драги родители овозможете му на вашето дете лесен и брз начин да се справи со предизвиците со кои се соочува во секојдневниот животот. Тоа може да го потигнете само со тренинг на мозокот односно со ментална аритметика. Менталната аритметика […]
Почетокот во училиште е важно скалило во животот на децата, и секој родител сака што подобро да го припреми своето дете на оваа промена. Додека некој се занимаваат со буквите и бројките, други пак ги учат децата рeдовно да си ги мијат рацете или пак да споделува со останатите дечиња. Еве неколку основни работи кои […]
Почетокот во училиште е важно скалило во животот на децата, и секој родител сака што подобро да го припреми своето дете на оваа промена. Додека некој се занимаваат со буквите и бројките, други пак ги учат децата рeдовно да си ги мијат рацете или пак да споделува со останатите дечиња.
Еве неколку основни работи кои што детето треба да ги совлада пред поаѓање во училиште:
- Да се грижи за себе– Додека е во градинка или дома, децата обично можат да побараат помош кога треба да одат во тоалет. Но во училиште тоа ќе мора да направи самостојно. Секое дете пред почетокот во училиште треба да знае да го користи тоалтот, да си ги мие рацете и правилно и самостојно да се облече. При промена на температурата, детето треба да знае кога треба да го соблече џемперот, а пак кога треба да го облече. Да си го издува носот, да си ја покрие устата кога кива или кашла, се исто така важни работи за еден мал ученик.
- Да се грижи за личните работи– Детето треба да биде способно да се грижи за своите лични работи, но и за работите на другите деца. Тоа значи дека треба да научи да се грижи за нив и да не ги заборава. Детето треба да знае што треба да се фрли во корпа за отпадоци, каде треба да ја чува ужинката и кога треба да ја јаде, да го става капачето на фломастерите, да ги чува тетратките и книгите уредни и на свое место и секогаш да знае каде е местото и каде може да си го најде својот училишен ранец.
- Развиени фини моторички способности– Секое дете на оваа возраст треба да знае да користи ножички за деца, и правилно да го држи моливот. Покрај ова, треба да знае самостојно да си ги заврзе патиките и да знае да закопче копче.
- Други моторички вештини– За подобро да се снајде во нова група, детето треба да има развиено и други моторички способности во согласност со неговата возраст како што се скокање, прескокнување, качување, фаќање на топка и така натаму.
- Развиени интелектуални вештини– На секое дете кое почнува во прво оделение, ќе му биде од голема корист ако знае да брои до десет, ако познава поголем број од буквите и ако ги разликува основните бои.
- Развивање на социјални вештини– Подобро да се прилагоди во училиштето и да се чувствува како дел од групата т.е оделението, детето треба да знае како да комуницира со другите деца (да споделува, да помага, да се бори за себе, да простува) но и како да комуницира со возрасните.
- Вештина за разрешување на проблемите– Оваа вештина е од голема корист во училиште и децата кои ја поседуваат полесно ги совладува задачите на почетокот. Притоа, не се мисли на комплицирани проблеми, туку на способноста која детето ја развива низ игра, како што се тоа слагалици, игри со коцки и други различни друштвени игри. Играјте си со своите деца ваков тип на друштвени игри, покрај тоа што ќе се забавувате и ќе поминете квалитетно време со нив, ќе ги припремите и за нови и поголеми животни задачи.
- Способност за препознавање на своето име– Може звучи банално, но децата кои штотуку тргнуваат на училиште не се навикнати да се прозиваат па честопати се случува да не реагираат кога учителката го изговара нивното име.
Ако децата се спремни на сево ова, и на почетокот се сретнат со помалку “изненадувања”, и тргнувањето во училиште ќе им биде едно пријатно и забавно искуство.