Blog
УСПЕШНО ДЕТЕ- ОДЛИКА НА РОДИТЕЛОТ
- August 12, 2018
- Posted by: Nina Popadinova
- Category: БЛОГ
Семејството, како најважна средина во која се стекнува и формира воспитувањето, учењето, напредокот и опшествените односи, мора да биде стабилно, примерно. Тоа треба да биде пример за нашите деца, бидејќи ние сме модели и огледала, во кои нашите деца се пгледуваат.
Секој родител сака своето дете да биде успешно, вредно и самостојно. Од една страна, родителите веруваат дека децата се раѓаат со поседување одредени предиспозиции и интелектуални способности, додека пак од друга страна веруваат дека тие се градат. Токму оние кои стојат позади тоа дека во животот капацитетот се гради, тврдат дека талентот со кој детето се раѓа не е ценет и пофален во однос на она што го постигнува само со сопствениот труд и напор.
Воспитувањето, во овие два аспекти, игра важна улога. Улогата на родител е од клучно значење, бидејки тој ја одредува насоката на понатамошниот развој на детето и начинот на избор.
Родителите кои се стремат кон тоа децата да им бидат упорни во градењето на своите вештини и да бидат успешни во животот, свесни се дека тоа се гради уште од мала возраст.
Успехот на детето зависи токму од успехот на неговиот пример кои го следи низ животот. Така што воспитувањето претставува основа, а сè друг ќе се стекне преку образованието и опшествот во кое се движи.
Родителите кои го избраа нашето училиште и нашиот начин на градење на размислување и стекнување на вештини, велат дека тоа е многу едноставен принцип. На детето мора да му дадете некоја задача, да ја изврши, за да научи да биде одговорно и да добие навика за навремено исполнување на своите задачи. Така ќе го научите детето да биде одговорно за себе и за својата околина.
Родителите имаат само една цел – во иднина неговот дете да решава различни проблеми и задачи и тоа секогаш на подобар начин. Секој труд е вреден, можеби не веднаш, но секогаш се исплати. Не може веднаш да очекуваме успех, бидејќи резултатите од макотрпната работа се гледаат покасно.
Тоа е токму она кон што се стремиме. Заедно. Родителите, децата и ние. Работиме на најдобрата верзија на секој поединец. Познато е дека не сите од нас ги имаме истите предиспозиции и природни способности, но треба да знаеме дека може да работиме на тоа, и да стекнуваме здрави навики и развој.
Затоа нашите родители донесоа одлука да им помогнат на своите деца, да им бидат подршка, да ги мотивираат, разберат и помогнат. На прашањето што би избрале, дали нивните деца да бидат среќни или успешни, тие одговараат дека сакаат и двете. Бидејќи само среќно дете е успешно дете. Одлуката да им се обезбеди стабилност на децата, која се постигнува со прифаќање на навиките и одговорностите, во иднина ќе им обезбеди смиреност, што ќе им помогне да донесат правилини решенија, и уште поважно кога ќе “паднат”, ќе научат да “станат”. Да застанеме и да пробаме повторно, значи да станеме посилни и да ги надминеме нашите способности.
На тој начин го градиме детскиот карактер. Им даваме сознание дека одговорноста може да се стекне, а успехот се остварува со истрајност и работа.
На патот да стекнат функционално знаење им помагаме тоа да го направат преку примери и пракса. Ги учиме за да ги запознаат своите неограничени способности и да ги постигнат своите цели- кои секој ден се сè поголеми, но се возможни и остварливи.
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК
МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!