Blog
ВАЖНОСТА ОД РАЗВОЈОТ НА ДЕТСКАТА МОТОРИКА
- April 20, 2018
- Posted by: Ана Мајски
- Category: БЛОГ
За успешен раст и развој на секое дете од голема важност е развивањето на неговите моторички вештини. поврзаноста на развојот на детето и фината моторика, посебно спретноста на рацете и прстите лесно се воочува, бидејќи сите деца во моментот кога на пример неможат да најдат соодветен збор се служат со рака и користат гест. Филозофите докажале дека степенот на развиеност на детскиот интелект е пропорционален со степенот на развиеност на фината моторика на прстите на раката. Колку се прстите поактивни, толку подобро се остварува неговиот говорен, емоционален и интелектуален развој.
Децата кои немаат добро развиена моторика се мачат со задачите кои вклучуваат користење на ситна моторика на прстите и рацете како што се на пример и самото пишување. Детето кое не е во состојба да го држи моливот на начин кој му овозможува Непречено пишување, се фокусира на проблемот кој го има со држењето на моливот наместо на самото пишување и со тоа многу губи. голема улога во развојот на фината моторика има и начинот на кој детето ги развива своите вештини. Во училиштето за ментална аритметика “малац генијалац“ развојот на фината моторика е составен дел од учењето. Запишете го своето дете и бидете сведок на неговото напредување.
Во почетната фаза од совладувањето на менталната аритметика децата ја користат алатката за пресметување абакускоја е составена од повеќе вертикали со топчиња, при што секоја вертикала има своја одредена вредност. со употребата на оваа алатка децата се подучуваат како да претстават одредени броеви, а потоа со поместување на топчињата извршуваат различни аритметички операции. Фокусот на учењето е на моторичкиот пристап при што се одигрува интензивен мозочен процес.
Детските прстиња постојано се во движење, допирајќи ги топчињата на абакусот, со што се интензивираат тактичките надразби кои делуваат во мозокот, значително зголемувајќи го бројот на невронски врски (синапси). пресметковните операции се изведуваат со прстите на двете раце, што е многу значајно, бидејќи на тој начин се активираат двете (лева и десна) хемисфери на мозокот. со тоа се зголемува менталниот и интелектуалниот капацитет кај децата.
Активностите кои ја развиваат фината моторика, а со самото тоа го стимулираат и развојот на детскиот интелект, во училиштето “малац генијалац“ се остваруваат низ креативна игра и забава. движењата со прстињата го прават детето емоционално и ментално поопуштено, па начинот како детето управува со прстите и ги совладува едноставните, но важни активности, доведува до развој и на многубројни други вештини и ефекти, кои на детето му остануваат за целиот живот.
Со оглед на тоа дека школскиот успех сепак го одредува понатамошниот тек на животот на детето, за повеќето родители и деца е важно да бидат што подобри. За да детето биде успешно и научи активно и мисловно да учи со разбирање, со нашиот лиценциран програм за учење на ментална аритметика, кој овозможува здрав ментален и интелектуален развој на детето, сме многупоблиску до успехот.
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК!!!