ИНТЕЛЕКТУАЛНИОТ РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО Е ГРИЖА НА РОДИТЕЛИТЕ
Повеќето од денешните деца имаат проблем со недоволна концентрација и внимание. Најчестиот виновник за ова е современиот начин на живот и употребата на паметни уреди. Сепак, тоа не значи дека нашите деца се помалку способни за целосен интелектуален развој. Меѓутоа, за успешен развој на децата, нивните родители имаат најголема одговорност! Сите деца се раѓаат со неограничен потенцијал на нивниот ум, единственото прашање е дали оваа шанса ќе се користи или ќе биде трајно пропуштена!
ПРОГРАМА ЗА ДЕЦАТА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ
Училиштето за ментална аритметика Malac Genijalac успешно ја спроведува програмата со која на соодветен начин се стимулираат детските способности од најраниот период. Hikari 光 менталната аритметика е револуционерна програма која ги активира церебралните хемисфери со користење на алатката абакус (Јап. прев. Соробан)со што се постигнува целосен потенцијал на мозокот. Програмата дава исклучителни развојни резултати, благодарение на феноменалниот јапонски метод развиен во соработка со најпознатите светски експерти.







