Кој е Малац Генијалац

Училиштето за Ментална аритметика Малац Генијалац (Malac Genijalac) во својата настава применува оригинална ХИКАРИпрограма за ментална аритметика. Програмата поседува единствена метода која потекнува од Јапонија, земјата која е колевка на оваа престижна дисциплина. На јапонскиот јазик значи светлост и симболизира процес на учење и будење (осветлување) на нашите ментални капацитети. Хикари програмата создадена е како резултат на долгогодишна работа на психолози, педагози и други стручни лица од областа на едукацијата и образованието, а се заснова на употреба на древната сметалка абакус (算盤jaп. Соробан), со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо сметање.

ХИКАРИ   ПРОГРАМАТА наменета е за деца на возраст од 4. дo 12. години, затоа што во тој период најмногу се развива детскиот мозок, односно се создаваат мозочни синапси (врски помеѓу мозочните клетки). Колку е поголем бројот на синапсите што ги поседува, толку се подобри менталните способности. Менталниот развој се постигнува на забавен и разигран начин, со програма која се заснова на три клучни работи: сметање со абакус, ментална аритметика и дидактички игри.

Целта на програмата е детето максимално да ги разбуди своите ментални капацитети и да стане „Малац Генијалац (Malac Genijalac)”.

Програмата се базира на две научни компоненти:

  • TBDP програмата (Total Brain Development Program) претставува систем на целосен развој на мозокот со кој се стимулира активирањето на двете мозочни хемисфери во раните фази на неговиот развој. Како резултат на таа активација се подобруваат повеќето ментални способности како што се меморија, интелигенција, концентрација, фантазија…
  • VAK методата (Визуелно Аудитивно Кинестетичко) претставува метода на учење која се развила врз основа на невролингвистичко програмирање (НЛП) и подразбира вклучување на три сетила (вид, слух, допир). Oваа техника би можела да се опише и како Визуелна – гледам што сакаш да кажеш; Aудитивна – ова добро ми звучи; Кинестетичка (телесна) – покажи ми како да го направам тоа. Истражувањата покажаа дека најдобрите резултати се постигнуваат, кога во процесот на учење информациите се примаат преку разни сетила, бидејќи на тој начин се активираат најголем број на невронски патишта во мозокот. Со ова учење процесот на помнење го диостигнува својот максимален потенцијал, затоа што информациите се пренесуваат помеѓу двете мозочни хемисфери со што се активира целиот мозок.

Програмата им е посветена на децата, затоа што докажано е дека детскиот мозок најмногу се развива во периодот од 4. дo 12. година на животот. Во тој период, мозочните хемисфери се најактивни, a детскиот мозок едноставно ги впива информациите. Програмата е флексибилно и внимателно осмислена имајќи ги предвид индивидуалните потреби на секое дете.

Програмата Малац Генијалац (Malac Genijalac) ментална аритметика се состои од следниве фази:

А. Подготвителна фаза – ПОИМ И КОМПЛЕМЕНТИ НА БРОЕВИ ОД 1 ДО 100

Почетната фаза се применува за најмладите ученици. Целта на подготвителната фаза е најмладите ученици да се запознаат со поимот број и да ги научат законите кои важат за броевите од 1 дo 100 (комплементарност на броеви). Во овој период децата сè уште не користат абакус, туку се користи класична училишна сметалка која има 10 жици со по 10 топчиња.

Б. УПОТРЕБА НА АБАКУС

Aбакус фазата подразбира почетни нивоа, на кои децата учат како да ја користат посебната сметалка – aбакус. Во оваа фаза, фокусот на учењето е на моторниот пристап и употребата на сетилни дразби (допир, визуелна перцепција и сетило за слух). Со едукацијата се активираат повеќе сетила, затоа што децата почнуваат да ги визуелизираат топчињата пред себе (визуелно), следејќи ги зборовите на предавачите (слушање) за да преземат конкретна активност и со поместувањето на топчињата (допир) да добијат точен одговор. Во текот на опишаната процедура се врши интензивен мозочен процес. Детските прстиња постојано се движат, ги допираат топчињата на абакусот, со што се интензивираат тактилните дразби кои делуваат во мозокот и значително го зголемуваат бројот на невронските врски (синапси). Операциите за сметање се изведуваат со пристите на двете раце, а тоа е многу важно, затоа што на тој начин се активираат двете (лева и десна) хемисфери на мозокот. Со тоа се зголемува менталниот и интелектуалниот капацитет на децата. Затоа со право може да се каже дека логичките операции што ги извршуваат децата на абакусот се вистинска мозочна гимнастика, нешто како чучнувања или склекови за мозок!

На повисоките нивоа, кога децата веќе добро се запознаени со абакусот, поминуваме на повисокото ниво.

В.  МЕНТАЛНА АРИТМЕТИКА И ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

Фазата ментална аритметика подразбира повисоки нивоа на кои децата учат да сметаат на памет, замислувајќи абакус. Имено, во оваа фаза се престанува со физичка употреба на абакус, така да децата сега го визуелизираат, а самите топчиња и операциите за сметање ги замислуваат ментално. При мисловното сметање, децата и понатаму ги поместуваат прстите како да им се во раце сметалките абакус. Ова е фаза во која децата ги совладале посебните „компјутерски вештини” (multitasking), oдносно кога научиле да ја вработат и употребуваат десната хемисфера на мозокот која е одговорна за фантазијата, фотографското помнење и креативноста.