Blog
НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊЕ ПОВРЗАНИ СО АБАКУС
- August 9, 2018
- Posted by: Nina Popadinova
- Category: БЛОГ
Додека децата се мали, додека сеуште се развиваат, одговорноста на родителот е да им пружи најдобри услови за развој и да направи за детето и за неговата добросостојба се што е во негова моќ. Родителите се свесни за тоа, и често се во дилема- што е најдоброто нешто што можеме да го направиме за иднината на нашите деца? Можеме да им купиме се што ќе посакаат, да ги облечеме убаво, да ги однесеме на летување, да им го прославиме роденденот во најмодерната игротека во градот, да им ги купиме најновите играчки, и децата во тој момент ќе бидат среќни. Но дали е тоа долгорочно?
Наша одговоност е да размислуваме за нивната иднина, да ги подготвиме за животот и да се стремиме да ги направиме успешни, независни и среќни луѓе. За да го постигнеме сето тоа, треба да ги развиеме сите нивни потенцијали, мораме да им овозможиме максимално да ги развијат своите кацитети. Еден од начините е школото МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ, каде што со помош на абакус и визуализацијата се постигнува развој на менталните и когнитивните способности на детето, покрај тоа се развиваат и позитивни способности како што се самодоверба и самоценење, како и прифаќање на себеси и другите.
Родителите често имаат многу прашања во врска со програмата и дали нивното дете ќе може да го постигне тоа што се учи во во школото. Па околу тоа најчести прашање се :
ДАЛИ И Е ТЕШКО ДА СЕ СМЕТА НА АБАКУС?
Одговрот е многу еднставен- НЕ. Сметањето со абакусот е многу едноставно, следејќи неколку правила поврзани со движења и неколку формули кои се многу лесни за учење и се прилагодени дури и за децата од најмала возраст. Децата се способни многу брзо и лесно да ги совладаат овие принципи. Абакусот главно се состои од едноставно поместување на топчињата, односно додавање и одземање. Со самото совладување на основните принципи се создаваат услови и за работа на потешки задачи. Вежбањето и контунуираната работа се неопходни, но тоа е потребно и за секоја вештина која сакаме да ја совладаме, така што тоа не треба да биде проблем и пречка. Децата, преку многу интересни и креативни принципи и активности се запознаваат со формулите кои се неопходни за да се работи на абакусот, така што тие учат низ игра и ги практикуваат своите ментални функции. На овој начин, тие не само што учат за основната работа на абакусот, истовремено и создаваат позитивен став кон учењето.
ОД КОЈА ВОЗРАСТ ДЕЦАТА МОЖАТ ДА ПОЧНАТ ДА “ИГРААТ” СО АБАКУС?
Програмата е наменета за деца од 4 години, меѓутоа потребно е детето да ги разликува броевите. Веќе на таа возраст, со подготвителниот период во кој ќе се совладува пишувањето и читањето на броевите, децата ќе можат да изведуваат едноставно пресметки на абакусот, но не само тоа, тие ќе можат и да ги замислуваат и ментално да пресметуваат низа од неколку броеви со дирекно собирање и одземање.
ДАЛИ АБАКУСОТ Е ДОВОЛЕН САМ ПО СЕБЕ ЗА ДА СЕ РАЗВИЈАТ ИНТЕЛЕКТУАЛНИТЕ ВЕШТИНИ НА ДЕТЕТО?
Абакусот е направа која во голема мера ќе помогне во развој на фината моторика, кое е тесно поврзан со размисливањето, зборувањето и разбирањето. Работата на абакус ќе го развие и поимот за броевите на повисоко ниво, ќе го развие поимот за собирање и одземање и ќе помогне во развојот на логиката и аналитиката. Но, само работата на абакус, без нејзина визуелизација, нема да ни ги даде резултатите кои ги посакуваме. За да го извлечеме максимумот од детето и да го стимулираме функционирањето на мозокот на двете хемисвери, неопходно е да се замисли абакус, да се визуелизира и да се запомни, и на тој начин на памет да се додаде и да се одземе број на него. Во зависност од возраста и менталниот капацитет на детето, ова се постигнува на различно ниво, односно детето учи да замислува поголеми или помали секвенци со поедноставни или посложени комбинации на броеви.
МОЖЕ ЛИ ВОЗРАСНИ ДА АПЛИЦИРААТ ЗА ОВАА ПРОГРАМА?
Програмата е наменета за деца на возраст од 4 до 12 години. Сепак, и возрасните често сакаат да ги научат правилата за работа со абакусот. Ова може да се направи со помош на книгата “Ментална аритметика” од Даница Банжиќ со која може лесно да се осознаат основните принципи за пресметка.
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК
МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!