Blog
ЗНАЧЕЊЕ НА РАЗВОЈОТ НА САМОДОВЕРБАТА КАЈ ДЕЦАТА
- August 7, 2018
- Posted by: Nina Popadinova
- Category: БЛОГ
Без разлика дали сте наставник или родител, знаете колку е важно да му помогнете на вешето дете да ја зголеми својата самодоверба и колку стекнувањето со истата е важно за нивниот избалансиран и среќен раст.
Честата грешка, направена од страна на многу родители и наставници е тоа што почесто го приметуваат неуспехот, отколку успехот, наведувајќи ја идејата дека успехот е нормална работа, додека неуспехот го сметаат за абнормален. Освен тоа, родителите ја подржуваат идејата за морализацијата, дека не е добро да се фалат за своите успеси, наспроти тоа се стремат да развијат скромност кај децата.
Од друга страна пак, занемарувањето и одбивањето да се препознае успехот не помага во растењето и градењето на самодовербата и самопочита кај децата. Ако детето одбие нешто да направи бидејќи не е сигурно дали ќе успее во тоа, никогаш нема да знае дали можело да успее. Одбивањето најчесто се темели на сеќавањата на детето, на неупесите, кое ги доживеало во минатото.
Родителите и наставниците мора да му помогнат на детето да се гордее и носи со успехот, па дури и на најмалиот, дури и на оној што изгледа без значаен: како на пример точен резултат на некоја задача, испеана песничка во градинка пред 10 луѓе или пак ако научи да вози велосипед без помошни тркала.
Без сомнение, малите победи може да го потикнат детето да постигне поамбициони цели и задачи благодарение на “успехот на успехот”.
Важна улога во стекнувањето на самодовербата има и мотивацијата, што претставува клучен фактор во растењето на секое дете. Мотивацијата секогаш е поврзана со наградата што детето ја очекува. Наградата не е во вид на омилената играчка или слатки- наградата е самиот успех, постигнување на целта и надминување на самиот себе.
Појавата на нови технки и вештини може да му помогнат на детето да стекне самодоверба и да се надмине самото себе. Абакус е нова волшебна играчка во рацете на децата- играчка која има за задача детето да преминува од едно на друго ниво, се повисоко и повисоко. Детето си задава една цел, која со леснотија ја постигнува, додека постои мотивација да игра игра, а на тоа наградата е постигнатата цел. Кога детето само себе ќе се награди со пофалбата “БРАВО, УСПЕАВ” , ниту една омилена играчка неможе да му донесе толкава сигурност во самиот себе. А резултат на ова е постигнување самодоверба, преку која тој ја потикнува желбата да се соочи со уште потешки задачи.
Да се научи детето на самопочит е најдобар дар кој еден наставник може да му го даде на својот ученик, тоа е дар кој трае и се надоградува и ќе го олесни нивното подобро решавање на настанните што се случуваат во нивните животи.