Во последно време, многумина слушнале за поимот ментална аритметика. Но што значи точно тој поим? Едноставно – тоа e TРЕНИНГ ЗА ЗДРАВ МОЗОК! Се работи за посебна програма со која се развиваат менталните капацитети и интелектот на децата. Програмата се заснова на употреба на AБАКУС, древна алатка за пресметување која е позната како претходник на денешните компјутери. Користејќи абакус, децата учат посебна техника со поместување на топчињата на алатка за пресметување, со што всушност се вршат одредени математички операции. (собирање, одземање, множење и делење). Од особена важност е оваа техника да се изведува со по две прстиња од левата и две прстиња од десната рака. Со таквата активност на двете раце, истовремено се активираат и двете мозочни хемисфери. Со левата рака се активира десната, а со десната левата мозочна хемисфера.