Blog
КАКО СО ПОМОШ НА ИМАГИНАЦИЈА ДО САМОСТОЈНО ДЕТЕ
- August 14, 2018
- Posted by: Nina Popadinova
- Category: БЛОГ
Ако сакате самостојно дете кое има внатрешен компас, кое е карактерно и имагинативно, прочитај те го овој текст.
Адам Грант е професор на Пенсилванскиот универзитет и писател на книгата “Давање и земање: Зошто помагањето на другите не прави успешни”. Во оваа книга, Грант излага со научно поткрепен совет за родителите кои сакаат нивните деца да станат добри луѓе и да почнат да размислуваат по самостојно.
Според Адамовото мислење, родителите се прекрасен пример кога се во прашање основните вредности, но не и за развивање на самостојноста. Многу често на мала возраст имагинативноста се поврзува со самостојноста. Децата кои се одликуваат со имагинативност, обично пример наоѓаат во хероите од книгите. Се споредуваат со нив и ги оживуваат во сеојдневието.
“Мислам дека навистина ја потценуваме важноста на приказните”, вели Грант. “Некогаш пишаниот збор и книгите се поголем двигател на имагинацијата од реалноста”.
Јунаците кои се идоли на децата може дури да влијаат на менување на навиките во исхраната. Истражувачот Брајан Вонсинк од универзитетот Корнел, на група од деца им понудил јаболка и пржени компирчиња, и ги прашал “Што од ова би изел Бетмен?”, и децата го одбрале јаболкото. Дури и ако првиот избор им е компирчиња, на крајот секако би избрале јаболко, тоа научно се докажува со фактот дека прашањето, т.е Бетмен ги потикнал да подразмислат за својот извор.