ПРОГРАМ

Училиштето за Ментална аритметика Малац Генијалац (Malac Genijalac) во својата настава применува оригинална ХИКАРИ光програма за ментална аритметика. Програмата поседува единствена метода која потекнува од Јапонија, земјата која е колевка на оваа престижна дисциплина. На јапонскиот јазик значи светлост и симболизира процес на учење и будење (осветлување) на нашите ментални капацитети. Хикари програмата создадена е како резултат на долгогодишна работа на психолози, педагози и други стручни лица од областа на едукацијата и образованието, а се заснова на употреба на древната сметалка абакус (算盤jaп. Соробан), со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо сметање.

ХИКАРИ ПРОГРАМАТА наменета е за деца на возраст од 4. дo 12. години, затоа што во тој период најмногу се развива детскиот мозок, односно се создаваат мозочни синапси (врски помеѓу мозочните клетки). Колку е поголем бројот на синапсите што ги поседува, толку се подобри менталните способности. Менталниот развој се постигнува на забавен и разигран начин, со програма која се заснова на три клучни работи: сметање со абакус, ментална аритметика и дидактички игри.

Целта на програмата е детето максимално да ги разбуди своите ментални капацитети и да стане „Малац Генијалац (Malac Genijalac)”.

Програмата се базира на две научни компоненти:

  • TBDP програмата (Total Brain Development Program) претставува систем на целосен развој на мозокот со кој се стимулира активирањето на двете мозочни хемисфери во раните фази на неговиот развој. Како резултат на таа активација се подобруваат повеќето ментални способности како што се меморија, интелигенција, концентрација, фантазија…
  • VAK методата (Визуелно Аудитивно Кинестетичко) претставува метода на учење која се развила врз основа на невролингвистичко програмирање (НЛП) и подразбира вклучување на три сетила (вид, слух, допир). Oваа техника би можела да се опише и како Визуелна – гледам што сакаш да кажеш; Aудитивна – ова добро ми звучи; Кинестетичка (телесна) – покажи ми како да го направам тоа. Истражувањата покажаа дека најдобрите резултати се постигнуваат, кога во процесот на учење информациите се примаат преку разни сетила, бидејќи на тој начин се активираат најголем број на невронски патишта во мозокот. Со ова учење процесот на помнење го диостигнува својот максимален потенцијал, затоа што информациите се пренесуваат помеѓу двете мозочни хемисфери со што се активира целиот мозок.

Програмата им е посветена на децата, затоа што докажано е дека детскиот мозок најмногу се развива во периодот од 4. дo 12. година на животот. Во тој период, мозочните хемисфери се најактивни, a детскиот мозок едноставно ги впива информациите. Програмата е флексибилно и внимателно осмислена имајќи ги предвид индивидуалните потреби на секое дете.