ФАЗЕ ПРОГРАМА

Подготвителна фаза – ПОИМ И КОМПЛЕМЕНТИ НА БРОЕВИ ОД 1 ДО 100

Почетната фаза се применува за најмладите ученици. Целта на подготвителната фаза е најмладите ученици да се запознаат со поимот број и да ги научат законите кои важат за броевите од 1 дo 100 (комплементарност на броеви). Во овој период децата сè уште не користат абакус, туку се користи класична училишна сметалка која има 10 жици со по 10 топчиња.

УПОТРЕБА НА АБАКУС

Aбакус фазата подразбира почетни нивоа, на кои децата учат како да ја користат посебната сметалка – aбакус. Во оваа фаза, фокусот на учењето е на моторниот пристап и употребата на сетилни дразби (допир, визуелна перцепција и сетило за слух). Со едукацијата се активираат повеќе сетила, затоа што децата почнуваат да ги визуелизираат топчињата пред себе (визуелно), следејќи ги зборовите на предавачите (слушање) за да преземат конкретна активност и со поместувањето на топчињата (допир) да добијат точен одговор. Во текот на опишаната процедура се врши интензивен мозочен процес. Детските прстиња постојано се движат, ги допираат топчињата на абакусот, со што се интензивираат тактилните дразби кои делуваат во мозокот и значително го зголемуваат бројот на невронските врски (синапси). Операциите за сметање се изведуваат со пристите на двете раце, а тоа е многу важно, затоа што на тој начин се активираат двете (лева и десна) хемисфери на мозокот. Со тоа се зголемува менталниот и интелектуалниот капацитет на децата. Затоа со право може да се каже дека логичките операции што ги извршуваат децата на абакусот се вистинска мозочна гимнастика, нешто како чучнувања или склекови за мозок!

На повисоките нивоа, кога децата веќе добро се запознаени со абакусот, поминуваме на повисокото ниво.

МЕНТАЛНА АРИТМИKА И ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

Фазата ментална аритметика подразбира повисоки нивоа на кои децата учат да сметаат на памет, замислувајќи абакус. Имено, во оваа фаза се престанува со физичка употреба на абакус, така да децата сега го визуелизираат, а самите топчиња и операциите за сметање ги замислуваат ментално. При мисловното сметање, децата и понатаму ги поместуваат прстите како да им се во раце сметалките абакус. Ова е фаза во која децата ги совладале посебните „компјутерски вештини” (multi–tasking), oдносно кога научиле да ја вработат и употребуваат десната хемисфера на мозокот која е одговорна за фантазијата, фотографското помнење и креативноста.