Лева и десна хемисфера

Левата мозочна хемисфера се нарекува дигитален мозок. Таа ги контролира читањето, пишувањето, сметањето и логичкото размислување… Според тоа левата хемисфера е нашиот внатрешен математичар, кој смета, калкулира и анализира.

Десната мозочна хемисфера се нарекува аналоген мозок и ги контролира тродимензионалното чувство, креативноста и сетилата за уметност. Oваа хемисфера го претставува нашиот внатрешен уметник, кој е подготвен да си поигрува во прекрасната земја на фантазијата, исполнета со бои и слики, форми и сништа, имагинации и интуиции.

Eве еден пример кој сликовито прикажува како функционираат левата и десната хемисфера. Да замислиме човек кој ни дава упатства како да стигнеме до некоја локација. Доколку се работи за лице со развиена лева хемисфера, неговите инструкции би биле: „Од тука, одете три блока право и вклучете се северно на Винска улица, потоа одете по неа три или четири километри, а потоа свртете источно на Третиот Булевар.“ Лицето со доминантна десна хемисфера тоа ќе го каже приближно на овој начин: “Свртете десно (покажува со раката десно), одете до онаа црква (повторно покажува) и продолжете право, кога ќе го поминете McDonalds на следниот семафор свртете десно кон бензинската станица Lukoil.”

Десната хемисфера е невербална и интуитивна, таа попрво користи слики отколку зборови. Иако размислувањето со десната хемисфера се смета како „креативно”, не постои правилно или погрешно размислување, туку постојат само два различни начини на размислување. Едниот не е подобар од другиот, како што десноракиот не е „супериорен” над леворакиот. Двете мозочни хемисфери работат заедно, како би се овозможило нормално функционирање на организмот. Meѓутоа, истражувањата покажаа дека кај повеќето луѓе едната хемисфера е подоминантна. Најголемиот број од луѓето најчесто ја користат левата хемисфера, додека функциите на десната мозочна хемисфера честопати се недоволно развиени. Возрасниот човек не може на вистинскиот начин да го сфати детскиот свет, затоа што познато е дека десната хемисфера кај децата е многу поактивна. Затоа тој волшебен „ѕвезден свет на фантазијата“, често се чини туѓ и непристапен…

Како да се активираат двете мозочни хемисфери

Познато е дека многу откритија и пронајдоци блеснале, благодарение на користењето на десната хемисфера. Никола Тесла, Ајнштајн или Менделеев, не биле само големи научници, туку и одлични пронаоѓачи и визионери. За нивните големи откритија, покрај експериментите, заслужна е и изразената моќ за имагинација, која ја поседувале и која преку креативните размислувања и замислувања, ги водела до можните решенија. Споменатите великани имале несомнена моќ да ги користат двете мозочни хемисфери.

Еден од најважните моменти во развојот на мозокот претставува периодот од четвртата до дванаесетата година. Toа е животен период во кој детскиот мозок личи на драматична сцена на која постојано се одигруваат голем број на дразби. На ниво на нервни импулси, тие дразби претставуваат вистинска „електрична бура“ во која континуирано се судруваат функциите на мозочните хемисфери. Во овој период нашите хемисфери се борат за доминација, по што, за жал, едната ќе излезе како конечен победник и доминантна страна на нашиот мозок. Така еднаш и засекогаш ќе дојде до поделба на менталните функции помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот. Од особена важност е во наведената возраст, децата да не ја пропуштат неповторливата можност да научат симултано користење на двете мозочни хемисфери.

Дали постои тренинг за мозок, освен играње шах или решавање на крстозбори? Нормално! Благодарение на наведените принципи, развиена е посебна метода со која се активира десната хемисфера и со која се искористуваат нејзините бескрајни потенцијали. Програмата ментална аритметика е најефективната метода на вежбање на мозокот, која носи најдобри резултати. Училиштето за ментална аритметика „Малац Генијалац (Malac Genijalac)”, кај децата развива ментални способности, активирајќи ги двете мозочни хемисфери. Со употребата на двете страни на мозокот, детето станува вистински „мал генијалец“, а еднаш научената техника за ангажирање на мозочните хемисфери не може да се изгуби. Исто така, сите стекнати користи остануваат за цел живот. На тој начин нашите „малци генијалци“ со текот на времето стануваат успешни и остварени луѓе.