Од аспект на науката

Истражувањa

Постојат бројни истражувања за ефектите од употребата на абакус. Во нив недвосмислено е докажано дека оваа древна алатка за пресметување претставува модерна ментална алатка. Да видиме како абакусот влијае врз интелигенцијата кај децата?

Во истражувањата спроведени на еминентните Универзитети во Европа и Африка (University of Manchester, University of Khartoum, University of Ulster) со кои беа опфатени 3185 деца, на возраст од 7-11 години, докажано е дека IQ кај децата кои биле дел од програмата Абакус Ментална аритметика бил поголем за 7.11 поени во споредба со децата кои не учествувале во програмата.

Како работи мозокот?

За да ги претставиме правилно сите предности на нашата програма, неопходно е прво да разбереме како функционира мозокот. Oсновна задача на мозокот е да собира и обработува информации, а потоа да дава одговори со праќање на одредени упатства на нашето тело. Мозокот е составен од две половини – лева и десна хемисфера. Секоја хемисфера ја контролира „спротивната“ страна на нашето тело, па така, десната хемисфера е задолжена за нашата лева страна и го обработува тоа што го гледаме со левото око, додека левата хемисфера ја контролира десната страна и го обработува видот на десното око.  Двете хемисфери се навидум слични, но разликите се присутни во нивните функции.

Teoријата за мозочните функции ја открил неврологот Роџер Спери, и за ова откритие ја добил Нобеловата награда. Спери ја набљудувал мозочната активност на пациентот кај кој по хируршки пат биле отстранети мостовите помеѓу десната и левата хемисфера. Со набљудувањето воочил дека ако сликите и зборовите доаѓаат од левата страна, пациентот не може да ги објасни и да преземе конкретна активност, затоа што недостасуваат врските помеѓу двата функционално различни делови на мозокот. Со ова е докажано дека левата и десната хемисфера имаат одредени функции, но исто така и дека тие меѓусебно се дополнуваат.

Значи, со сигурност можеме да тврдиме дека нашиот говор го контролира левата половина на мозокот, додека десната половина е задолжена за визуелното и просторното препознавање. Meѓутоа, двете хемисфери работат заедно, тесно соработувајќи при разните мозочни операции, како што е расудувањето.

Латерализација и проблем со учењето

Очигледно е дека проблемите што произлегуваат од учењето се предизвикани од функционирањето на нашите хемисфери. Како што веќе видовме, секоја од нив задолжена е за одредени ментални функции. Стручното име со кое се опишува оваа поделба се нарекува латерализација. Поради оваа поделба, се јавува проблемот во учењето, затоа што повеќето „важни“ училишни предмети подразбираат работа на левата хемисфера, додека креативната десна хемисфера не е активирана. 

Поради тоа, бидејќи е постојано активна, таа бара некаква работа за себе правејќи го единственото што и преостанува – почнува да фантазира.  Фантазирајќи, детето го губи потребното внимание, му се намалува концентрацијата, што доведува до послабо помнење. Бидејќи децата во учењето доминантно ја користат својата лева хемисфера, тоа сликовито би можело да се опише како „одење на една нога”, наместо да ги користат двете. Условно речено, нашиот мозок е како мускул кој треба постојано да вежба, затоа што во спротивно ќе ослабне. Решавањето на асоцијации, ребуси и крстозбори, или играњето шах, се вистинскиот начин да останеме во добра „мозочна форма“.