седидома
Нашата мисија се заснова на изреката: „Секој ден без образование не е стагнација, туку загуба во животот на детето!“ Ментална аритметика и следење на наставата од топлите домови Со Малац Генијалац учењето не сопира дури и за време на глобалната пандемија, а сето ова првенствено ни го овозможува нашата моќна алатка- интернет веб […]
Нашата мисија се заснова на изреката: „Секој ден без образование не е стагнација, туку загуба во животот на детето!“
Ментална аритметика и следење на наставата од топлите домови
Со Малац Генијалац учењето не сопира дури и за време на глобалната пандемија, а сето ова првенствено ни го овозможува нашата моќна алатка- интернет веб платформата, преку која вработените и учениците комуницираат на неколку нивоа. Таа им овозможува на учениците, без присуство во училниците, да ги вежбаат техниките на менталната аритметика, да се забавуваат со интересни ментално аритметички игри, да ги сработуваат домашните задачи и да комуницираат со своите наставници.
Учиме од дома-подобро за сите нас!
Со новонастанатата реалност предизвикана од вирусот Корона, која за никој не е лесна, а со желба периодот што беше и сè уште е пред нас, да направиме да биде полесен и поубав, како за нашите ученици така и за нивните родители, Малац Генијалац ја продолжи својата работа преку онлајн настава – виртуелна училница, која по два месеци постојана работа се покажа како одлична, така што ние уште еднаш, во оваа тешка ситуација, ја оправдавме довербата на нашите ученици и родители. Како наша мисија уште од самиот почеток беше да им понудиме на децата единствена и уникатна обука за мозокот, што е исклучително важно за нивната чувствителна возраст – решивме да одиме чекор понатаму и да ги пренесеме часовите надвор од нашите досегашни училници. Ниту еден дел од часот не беше изоставен, ниту беше со понизок квалитет. Работиме со помош на учебниците, практикуваме тестови и ментално пресметување. Посветивме внимание на логичките задачи, организиравме разни презентации, со цел на децата учењето да им го направиме што е можно поинтересно и корисно. Исто така, наставата ја збогативме со разни мултимедијални содржини, загатки, проблематични задачи, загонетки, вежби за внимание и развивање на мозокот, како и работилници (литература, уметност и други), за чија инспирација на децата им послужи нашето училиште , кое можете да го следите на нашата официјална фб страна.
Со тоа што се грижевме за себе, успеавме да се грижиме и за другите. Останавме дома и работевме на самите себе! Тоа е работа што секогаш се исплаќа!
Малац генијалец – за деца кои го менуваат светот!