олимпијада
Нашите генијалци се вратија од Олимпијадата со бронза, дипломи и многу насмевки
18
Jun
Заврши четвртата меѓународна Олимпијада по Ментална Аритметика која се оддржа на 16.06 во Белград, Сава Центар. Нашите претставници од училиштата “Малац Генијалац” од Аеродром, Центар, Карпош и Гази Баба се вратија со бронза, дипломи и многу насмевки. Во конкуренција со 182 училишта од 15 држави и преку 1200 учесници, нашите генијалци ги покажаа нивните генијални […]
Заврши четвртата меѓународна Олимпијада по Ментална Аритметика која се оддржа на 16.06 во Белград, Сава Центар. Нашите претставници од училиштата “Малац Генијалац” од Аеродром, Центар, Карпош и Гази Баба се вратија со бронза, дипломи и многу насмевки.
Во конкуренција со 182 училишта од 15 држави и преку 1200 учесници, нашите генијалци ги покажаа нивните генијални „супер моќи“.
Генијалците се натпреваруваа во ментални дисциплини. Но за сите најинтересен беше делот каде генијалците ментално пресметуваат низа повеќе од 50 броеви кои се менуваат со брзина од 2 до 5 броеви во секунда.