мозочни хемисвери
Како функционира мозокот? Мозокот фукнкционира исто како секој дел од телото. Ако не го вежбаме тој станува тром и се опушта. Затоа треба да се вежба. Токму поради тоа, накратко ќе ви преставиме неколку едноставни но многу ефикасни техники, за кои не ви требаат пари, ниту пак било каква подготовка, па дури ни многу време. […]
Често слушаме во разговорите , дали тоа било со луѓе кои директно се вклучени во развојот на децата или пак се лаици, дека треба децата да ги поттикнуваме во она што се добри, за што имаат талент и дека секое дете има некој свој потенцијал кој треба да го искористи. Некое сака уметност, па лесно […]
Во науката сеуште постои полемика околу тоа што е интелигенцијата, а што не е; кои се аспекти ги опфаќа и дали може на нејзе да се влијае или не. Постојат различни дефиниции со кои нагласуваат најразлични но подеднакво важни аспекти на менталните способности, кои ја одликуваат интелигенцијата. Бидејќи постојат различни теории, исто така, се наведуваат […]
Во науката сеуште постои полемика околу тоа што е интелигенцијата, а што не е; кои се аспекти ги опфаќа и дали може на нејзе да се влијае или не. Постојат различни дефиниции со кои нагласуваат најразлични но подеднакво важни аспекти на менталните способности, кои ја одликуваат интелигенцијата. Бидејќи постојат различни теории, исто така, се наведуваат и различни форми на интелигенција, но она што е заедничко за речиси сите е дека интелигенцијата во голема мера зависи од: когнитивните способности, способноста за учење, помнењето, размислувањето, перцепцијата, расудувањето, анализата, дедукцијата, решавањето на проблеми и тн. Се ова се сложени ментални процеси, кои, ќе се соглесите, можат да бидат обесправени или поттикнати за време на развојот на детето.
Секој родител, наставник, воспитувач, педагог ќе се запраша на кој начин може да практикуваме когнитивни способности со цел да ја зголемиме интелигенцијата кај децата и да го искористиме целиот потенцијал кој го поседува детето. Денес, постојат во изобилство дидактички методи и средства кои на различен начин го поттикнуваат когнитивниот развој. Меѓутоа, во формалното образование не постојат предмети ниту пак активносто кои истовремено го развиваат и двете мозочни хемисвери, ниту активности кои опфаќаат повеќе когнитивни процеси истовремено.
Кој е начинот тогаш? Одговорот е прилично едноставен- абакус и умствено пресметување. Древната сметалка абакус или соробан е едноставна алатка, каде што, според одредени правила, можеме да ги користиме основните аритметички операции. Самата работа на абакусот го потикнува размислувањето, логиката, аналитиката и помнењето, но замислувајќи абакус, односно ментална пресметка на абакус кој не е физички присутен туку е дел од нашиот процес на размислување, замислен, ги активира двете мозочни хемисвери и на тој начин се потикнува максимална стимулација на развојот на децата.
Абакусот е алатка со која е прилично лесно да се работи, така што и децата од 4 години можат да ги совладаат задачите на неа. Абакусот е одличен инструмент за развој на интелигенцијата, со неа, нејзините корисните дури и најмалите почнуваат да практикуваат ментални вежби кои до тогаш немале можност да ги работат, бидејќи во формалното образование аритметиката се користи на сосема поинаков начин.
Истражувањата покажуваат дека кај децата кои посетуваат училиште за ментална аритметика,во некои случаи, коефициентот на интелигенција се зголемил за 7 единици. Училиштето “Малац Генијалац” овозможува оваа форма на ментална обука да им биде достапна на сите- секое дете, на забавен и интересен начин, да ги совлада аритметичките концепти и операции, но во исто време и да ги развива менталните способности и искористи максималниот капацитет на неговата интелигенција.