Логично и аналитичко размислување
Многу родители не трошат многу време размислувајќи за тоа како и колку учат нивните деца, сѐ додека не добијат лошa оценка, со која настануваат и првите знаци на паника. Сите знаеме дека високите оценки не се ниту гаранција за успех во животот, ниту индикатор за интелигенција, најважно е децата да бидат успешни во училиште. Ако […]
Се наоѓаме на прагот пред новата учебна година а “Малац генијалац” со широко отворени врати ги очекува своите генијалци. Ако сакате вашето дете да ги развие своите потенцијали во целост и да напредува во учењето, вистинското место за тоа е училиштето за ментална аритметика Малац Генијалац. Децата кои што го посетуваат нашето училиште со нетрпение го чекаат секој нареден […]
Интернационалното училиште “Малац Генијалац” постои во 12 земји, 182 училишта кои успешно работат, за што зборуваат 28,325 задоволни корисници. Нашите ученици за кратко време постигнуваат извонредни резултати. По два месеци посетување на настава во нашето училиште децата се во можност да пресметуваат ментално, што не е случај со другите програми од ваков вид во кои […]
Како функционира мозокот? Мозокот фукнкционира исто како секој дел од телото. Ако не го вежбаме тој станува тром и се опушта. Затоа треба да се вежба. Токму поради тоа, накратко ќе ви преставиме неколку едноставни но многу ефикасни техники, за кои не ви требаат пари, ниту пак било каква подготовка, па дури ни многу време. […]
Често слушаме во разговорите , дали тоа било со луѓе кои директно се вклучени во развојот на децата или пак се лаици, дека треба децата да ги поттикнуваме во она што се добри, за што имаат талент и дека секое дете има некој свој потенцијал кој треба да го искористи. Некое сака уметност, па лесно […]
Често слушаме во разговорите , дали тоа било со луѓе кои директно се вклучени во развојот на децата или пак се лаици, дека треба децата да ги поттикнуваме во она што се добри, за што имаат талент и дека секое дете има некој свој потенцијал кој треба да го искористи. Некое сака уметност, па лесно го совладува сликањето, музиката, танцувањето и слични активности. Додека пак други деца се наклонети кон природните науки како што се математиката, биологијата и така натаму.
А всушност што е тоа потенцијал? Најчесто кога зборуваме за потенцијалот кај децата, зборуваме за неговиот интелектуален капацитет, менталните и когнитивните способности, односно потенцијали. Тоа би било некоја појдовна точка, нешто што детето го поседува и се што треба да направиме ние е да му овозможиме на детето да го развие својот капацитет до максималните можности. Родителите имаат голема одговорност и тие треба да се спремни да направат се што е во нивна можност да му овозможат на детето правилен развој на потенцијалот што го носи во себе.
Денес ја имаме таа среќа да ни се на располагање и лесно достапни разновидни начини, техники и методи за развој на потенцијалот кај децата. Меѓутоа, често се случува родителите со најдобра намера да сакаат да го насочат детето во еден правец но со тоа потенцијалот за нешто друго, кој што го носи во себе детето, да остане скриен. Тоа се случува затоа што фокусирањето на една област развива една мозочна хемисвера, додека пак во тој случај другата хемисвера останува статична и помалку развиена.
Истражувањата покажуваат дека за најоптимален развој на детскиот потенцијал и интелектуален капацитет е потребно е да се активираат двете мозочни хемисвери. Абакусот е инструмент со кој се постигнуваат неверојатни резултати во оваа област на детскиот развој. Абакусот е направа т.е пресметувалка и со нејзино користење децата ја вежбаат фината моторика, движејќи ги ситните топчиња со прецизно утврдени движења. Ја активираат логичката и аналитичката страна на мозокот така што доаѓаат до заклучок и решение, како со секој нов проблем да добијат точен резултат. Покрај сево ова ја активираат и својата креативна страна така што во одредени фази на работа на абакусот, потребно е физички абакусот да се исклучи од употреба и да се визуелизира тоа значи дека треба да се користи ментално.
Со ова децата максимално ги развиваат своите капацитети и на тој начин ниту еден потенцијал неможе да остане скриен токму затоа што менталното пресметување го тренира мозокот и двете хемисвери истовремено.
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК
МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!