внимание
Еден од предусловите за успех во училиште е правилниот начин на учење и помнењето на наученот материјал. Во литературата а и на интернет, може да најдеме бројни совети кои ни помогнат во начинот на учење, постојат разни техники кои може да ги совладаме и методи кои се користат за побрзо и полесно помнење. Меѓутоа во […]
Семејството, како најважна средина во која се стекнува и формира воспитувањето, учењето, напредокот и опшествените односи, мора да биде стабилно, примерно. Тоа треба да биде пример за нашите деца, бидејќи ние сме модели и огледала, во кои нашите деца се пгледуваат. Секој родител сака своето дете да биде успешно, вредно и самостојно. Од една страна, […]
Додека децата се мали, додека сеуште се развиваат, одговорноста на родителот е да им пружи најдобри услови за развој и да направи за детето и за неговата добросостојба се што е во негова моќ. Родителите се свесни за тоа, и често се во дилема- што е најдоброто нешто што можеме да го направиме за иднината […]
Прашањето кое секој родител си го поставува кога ќе забележи дека неговото дете не е во состојба да се фокусира на одредена задача или проблем е следното: “Зошто децата имаат слаба концентрација?. Секој совесен родител на тоа важно прашање, како да се подобри вниманието кај детето, придава големо значење и спремен е да најде начин како […]
Прашањето кое секој родител си го поставува кога ќе забележи дека неговото дете не е во состојба да се фокусира на одредена задача или проблем е следното: “Зошто децата имаат слаба концентрација?. Секој совесен родител на тоа важно прашање, како да се подобри вниманието кај детето, придава големо значење и спремен е да најде начин како да го зголеми вниманието кај своето дете. Дури и децата кај кои не е забележано намалено внимание или концентрација со голема желба ги работат вежбите за концентрација и помнење и неоспорно е дека тоа за нив има големо значење, како за развој, така и за интелектуален напредок.
Кога родителите ќе го воочат проблемот кај своето дете, тие воглавно се обраќаат кај стручни лица, психолози, педијатри, дефектолози или педагози.
Меѓутоа, во училиштето МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ работат луѓе кои се токму од овие области, учители, воспитувачи, педагози, специјални педагози, дефектолози итн. Впрочем тие ќе Ви кажат дека методот кој се користи во ова училиште е еден од најдобрите начини за зголемување на концентрацијата и помнењето кај децата, дека со методот на визуелизација на абакусот впрочем се изведуваат вежби за внимание, вежби за концентрација, вежби за помнење.
Како сето тоа функционира? Абакусот е древна алатка за пресметување со која се изведуваат основните аритметички операции, а кога децата ќе научат практично да го користат абакусот тие се учат и да го визуелизираат. Тоа значи дека сето она што инаку го работат на абакусот, го работат и на нивниот замислен абакус, го визуелизираат абакусот, топчињата и ги симулираат движењата на него и во својата глава, на памет, пресметуваат.
Абакусот и концентрацијата се во тесна врска бидејќи е потребен извесен напор на мозочните врски за да се запомни положбата на топчињата,бројот кој се детектира како стимул да се конвертира во абакус број, да во глава се изврши логична формула која се совладува во училиштето Малац Генијалац и на крај од сето тоа се добие резултат. Со вежба се постигнува детето да остане фокусирано на одредена задача извесно време, бидејќи броевите се менуваат со одредена брзина и со тоа се постигнува и вежбање на помнењето. Зголемувањето на концентрацијата со помош на абакусот е очигледно и сосема извесно после вежбање на овој начин на пресметување.
Од овдека произлегува дека со континуирано вежбање и усовршување на умственото пресметување, односно пресметувањето напамет со методата на визуелизација, децата впрочем изведуваат многу единствени вежби за концентрација и помнење.
Искуството на родителите на нашите ученици се доказ дека на овој начин не само што се подобрува вниманието, концентрацијата и помнењето, туку и дека се создава позитивен однос кон учењето, извршувањето на задачите во училиште и надвор од него, кај децата се развиваат способности и карактеристики кои се одлика на деца самоуверени и сигурни во себе и своите достигнувања.
Доколку некогаш се запрашате како да ја вежбате концентрацијата, одговорот кој ние би Ви го дале е – пресметувајте умствено!