внимание
Почетокот во училиште е важно скалило во животот на децата, и секој родител сака што подобро да го припреми своето дете на оваа промена. Додека некој се занимаваат со буквите и бројките, други пак ги учат децата рeдовно да си ги мијат рацете или пак да споделува со останатите дечиња. Еве неколку основни работи кои […]
Често слушаме во разговорите , дали тоа било со луѓе кои директно се вклучени во развојот на децата или пак се лаици, дека треба децата да ги поттикнуваме во она што се добри, за што имаат талент и дека секое дете има некој свој потенцијал кој треба да го искористи. Некое сака уметност, па лесно […]
Сите знаеме колку е важно образованието за децата, така што секогаш се појавува прашање која е најдобрата опција што може да ја направите за вашето дете. Токму поради тоа мораме да ве запознаеме со она што ние го правиме во училиштето Малац Генијалац. Низ учење ментална аритметика овозможуваме развој и други ментални способности. Ако сакате […]
Етимолошкото значење на зборот аритметика доаѓа од старогрчкиот збор, кој се состои од а arithmos што значи брои и techne што значи вештина, што во буквален превод би значело “Вештина за бороевите”. “Вештината за броевите” во менталната аритметика првенствено подразбира извршување на пресметливи операции преку мисловен процес, и тоа: собирање, одземање, множење и делење, како […]
Со забрзаниот развој на технологијата, играчките од нашата младост се поретко може да ги видиме на излозите. Меѓутоа, некој од нив, како што се боичките или пластелинот, се многу корисни и можат да помогнат во развојот на вашето дете. Веројатно секој од нас има убави спомени поврзани со деновите кога сме биле дете, кога сме […]
Со забрзаниот развој на технологијата, играчките од нашата младост се поретко може да ги видиме на излозите. Меѓутоа, некој од нив, како што се боичките или пластелинот, се многу корисни и можат да помогнат во развојот на вашето дете.
Веројатно секој од нас има убави спомени поврзани со деновите кога сме биле дете, кога сме цртале со боички и сме правеле најразлични фигури со пластелин. Освен што се забавни овие играчки имаат и многу добро влијание на детскиот развој.
Еве само некои причини, зошто на детето да му ги поклоните баш овие играчки:
Подобрување на моторните вештини– Цртањето со боички и играњето со пластелин ги подобрува моторните вештини кај децата. Имено, движењето на прстите, држењето на боичките добро влијае врз развојот на мускулите на прстите и рацете. Одкако децата ќе почнат да учет да пишуваат на училиште, тоа ќе им биде од голема корист, бидејќи мускулите ќе бидат научени од предходно на движењата со раката и прстите. Играњето, стискањето и обликувањето на пластелинот исто така ги зајакнува мускулите на раката и поставува основата за идните активности, како што е сечење со ножици. Играњето со овие играчки ја стимулира креативноста на мн млада возраст.
Стимулирање креативност– Било да е само боење во боенка или правење сопствени цртежи, децта на овој начин доаѓаат до нови, сопствени идеи по природен пат. Пластелинот на сличен начин ја потикнува креативноста, а можностите и начините за играње со него се неограничени. Од правење на животни до украси за елка, пластелинот може во еден миг да ја потикне имагинацијата на вашето дете.
Подобрување на расположението– врз основа на многу истражувања, се покажува дека цртањето може да го подобри расположението. Да земем пример на едно од тие истражувања. Имено, истражувачите ги донеле децата во лошо расположение, потикнувајќи ги да размислуваат за некој настан од минатото што ги направил тажни и разочарани. Потоа децата се поделени во две групи. На едната група деца и било зададено да го нацртаат тој настан, а на другата да ја нацртаат сопствената куќа. Втората група, која ја цртала својата куќа по цртањето покажала подобрување на расположението, но тоа не се случило и со првата група. Цртањето може да биде и одличен начин за ослободување од стресот, за деца кои на тој начин лесно можат да ги искажат своите чувства или проблемите што ги мачат.
Учење за бои и облици– со самото употребувањето на разнобојни боички, децата на директен начин учат да ги распознаваат боите, од основни до комплексни нијанси. Со создавањето различни облици со пластелинот, децата учат за различните форми. Како што се триаголник или квадрат. Ова знаење и распознавање ќе им помогне подоцна, кога ќе тргнат во училиште и ќе учат за нив.
Подобрување на визуализацијата– малите деца не прават разлика во големина, растојание или текстура. Со цртањето или создавањето облици со пластелин , на креативен начин и самостојно може да ги научат ди ги совладаат овие нешта. На пример, ако му дадете задача на детето да ги нацрта или претстави објектите во неговата околина кои се на различно растојание или се со различна големина, го мотивирате визуелно да ја анализира својата околина, да размислува за големината, растојанието и текстурата и успешно да ги презентира дали било тоа на парче хартија, нацртани или направени фигури со помош на пластелинот.
Развивање на координација– работата со пластелинот и боичките развива неколку видови на координација. Како прва ќе ја земеме онаа меѓу очите и рацете, која природно се развива додека детето со очите ја набљудува својата работа. Друг вид координација е таканаречена билатерална координација. Toa е способност да се користи левата и десната страна на телото на еднаков начин, во овој случај рацете. Како во цртањето така и во играњето со пластелин, децата ги користат двете раце и лесно се развива ваков вид на координација.
Креативно решавање на проблеми– од сите детски активности, цртањето е еден посебно добар начин за учење на способноста за решавање со проблемите. Кога вашет дете црта тоа мора на креативен начин да се обиде да нацрта тоа што му е зададено или што замислило. Исто така мора креативно да разбере како одредени емоции, форми и различни текстури успешно да ги престави на хартија.
Подобрување на концентрацијата– кај малите деца не е развиена способноста да се концентрираат на една задача, но тоа се постигнува со тек на развојот. Цртањето и играњето со пластелинот е добар начин за развивање на истата. Фокусирањето на една задача, било да е цртање на одредена слика или правење на одредени облици со пластелин, му помага на детето да ја развие оваа вештина.