7 НАЧИНИ КАКО ДА СЕ ПОДОБРИ РАЗВОЈОТ НА ДЕТСКИОТ МОЗОК

/ October 18, 2019/ БЛОГ

Вашето мало дете од раѓањето до третата година на животот учи со брзината на светлината, создавајќи 700 нови невронски врски секоја секунда. Вие можете да му помогнете во остварувањето на сопствениот потенцијал, бидејќи на развојот и растот на мозокот влијаат многу фактори, вклучувајќи ги односите кои детето ги создава со другите луѓе, неговите искуства и околината.

Човековиот мозок почнува да се развива многу брзо, само 3 недели по зачнувањето, но на многу начини развојот на мозокот трае целиот живот. Причината за тоа е што исти настани кои го обликуваат мозокот за време на развојот, се исто така одговорни и за меморирање на информации, вклучувајќи нови вештини и сеќавања во текот на животот на секој човек. Главната разлика меѓу развојот на мозокот кај децата во однос на возрасните личности е степенот на развој. Во раните години на животот мозокот е пофлексибилен отколку во подоцнежните фази на животот. Тоа има и позитивни и негативни страни. Позитивната страна е тоа што детскиот мозок е потворен за учење и влијанија, кои ќе го збогатат. Негативната страна е тоа што детскиот мозок е подложен на развојни проблеми ако детето во текот на растењето нема соодветна нега, поддршка и насочување.

7 начини со помош на кои можете да бидете сигурни дека му помагате на своето дете во развојот на мозокот се:

  1. Верувајте им на своите инстикти.

Покрај сите совети кои новите родители ги добиваат од сите страни –  преку интернет, списанија, блогови и од добронамерните пријатели и роднини, може да биде тешко да се поделат корисните информации од бескорисните. Добрата вест е дека ако имате чувство дека е нешто исправно за вас и вашето дете – обично сте во право! Секако, треба да прочитате се што ви е достапно и консултирањето со другите сосема е во ред, но секогаш слушајте го својот внатрешен глас.

  1. Гушкајте го своето дете и бидете му близу.

Голем дел од родителите сакаат да се галат со своите бебиња, мислејќи дека кога децата ќе дојдат до одредена возраст не им се потребни толку прегратки. Но, тоа не е така. Гушкањето е многу корисно. Не само за децата, туку и за луѓето воопшто. Неколку истражувачки студии потврдуваат дека гушкањето не само што е пријатно за родителите и децата, туку може да резултира со посреќни, поздрави и пољубопитни деца.

  1. Пејте!

На вашето дете му е сеедно дали имате слух или не, единствено му е важно дека пеете. Можете да измислите сопствени зборови и мелодии или да пеете нешто од своето детство или од радио. Можете да пеете за тоа што го работите, за тоа каде ќе одите тој ден – само пејте! Вие ќе се забавувате, децата ќе уживаат и ќе му помогнете на младиот мозок да се развива.

  1. Движење и игра.

Играјте, бидете смешни и движете се со своето бебе. Активностите кои вклучуваат движење го поттикнууваат развојот на детето на сите подрачја, вклучувајќи ги и социо-емоционалните вештини како што се самодовербата и соработката. Мозокот сака вежби и движење, затоа овие стимулации се клучни, бидејќи децата мораат да се движат за да учат.

  1. Учење на странски јазици.

Нема ништо покомплицирано од учење на уште еден јазик, а детските мозоци се однапред програмирани за впивање на други јазици освен мајчиниот. Изложувањето на странски јазици на доследен и забавен начин додека се сѐ уште мали, ги подготвува за доживотно учење, пружајќи им корени и темели кои се потребни за раст на мозокот. Ако не знаете некој странски јазик, помага дури и пеењето на песни на други јазици.

  1. Пофалете ги своите деца.

Сите сакаме да имаме нечие одобрување, па ни вашето дете не е поинакво. Сконцентрирајте се на тоа што детето направило добро и пофалете го, па така детето ќе го повтори истото. Восхитувањето од неговиот напредок е база која ќе постави темели за целиот живот.

  1. Вклучете го детето во секојдневните активности.

Вклучувањето на детето во вистинската работа на секојдневниот живот, на децата им дава смисла и чувство на успех, ги учи на вредните животни вештини и спречува т.н. лошо однесување кое често се појавува кога децата го бараат нашето внимание. Без оглед на задачата, обично постои барем мал начин на кој детето може да ви помогне ако му покажете како.