Blog
10 ЛОШИ НАВИКИ НА УЧЕЊЕ И КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД НИВ
- November 18, 2019
- Posted by: Nina Popadinova
- Category: БЛОГ

Многу родители не трошат многу време размислувајќи за тоа како и колку учат нивните деца, сѐ додека не добијат лошa оценка, со која настануваат и првите знаци на паника. Сите знаеме дека високите оценки не се ниту гаранција за успех во животот, ниту индикатор за интелигенција, најважно е децата да бидат успешни во училиште. Ако мислите дека вашето дете сè прави најдобро, но сè уште не е доволно добро во училиште, размислете кои можат да бидат причините за тоа – размислете околу неговите навики на учење.
Еве 10 лоши навики и како да ги поправите истите, за да му помогнете на вашето дете да го постигне целосниот потенцијал:
Одложување
Ова е област каде што дефинитивно треба да му помогнете на вашето дете. Првиот чекор е и вие да не чекате да ги тестирате знаењата на вашето дете, ден пред тестот или испрашувањето. Помогнете му да се стекне со добри вештини за организирање на времето, за да може, навремено да ги заврши домашните задачи, учење, читање и подготвување за контрола на знаења. Кога родителите прават семеен распоред, децата постигнуваат подобри резултати, во споредба училишниот распоред не ги постигнува истите ефекти.
Одвлекување на внимание (телевизија и музика)
Дури и кога се гледаат и слушаат во друга просторија, телевизијата и музиката, можат да бидат големи нарушувачи и пренасочувачи на детското внимание. Треперењето на светлина и звук не само што го привлекува вниманието на детето, туку го забавува и процесот на учење и ја нарушува способноста за читање. Воздржете се да гледате телевизија или да слушате музика (или едноставно користите слушалки) додека вашето дете учи, за да му даде шанса, да научи што е можно повеќе.
Погрешни пријатели за учење
Учењето во друштво и тимски може да биде многу корисно за вашето дете, но само ако сите вистински се залагаат да учат и да постигнат одредени резултати. Кога се учи во друштво, децата треба да бидат одговорни и фокусирани, за жал не се сите деца такви. Затоа, добро размислете дали вашето детето има корист од учење со други.
Недостаток на организација
Децата, по својата природа, се неорганизирани. Најдобро е да им помогнете да ја совладаат оваа вештина и да ги организираат своите материјали и додатоци за учење, што е можно поскоро. Кога децата имаат функционален календар на задачи за учење и контрола, нивната ученичка дисциплина е подобра.
Мобилен и Интернет
Постарите деца сѐ повеќе се навикнати да комуницираат преку социјалните мрежи, текстуални пораки итн, при што секој момент им стигаат известувања. Сето ова е многу големо одвраќање од процесот на учење. Одземете ги (или поточно конфискувајте ги) сите мобилни телефони, лаптопи или таблети (освен секако, ако не се користат во процесот на учење) за време на учење за да ја отстраните оваа пречка.
Недоволно време
На пример, ако очекувате вашето дете да ја заврши математичката домашна задача на 10 минутната пауза, помеѓу училиштето, ручекот и тренингот, ова не е многу реално. Иако воннаставните активности се важни и корисни за децата, сепак потребно е и определено време предвидено за учење. Добрата организација е клучна.
Хаос во куќата
За некои деца, може да биде многу тешко да се концентрираат во хаос и метеж, бидејќи им треба соодветен тивок простор за работа. Ако тоа е случај и со вашето дете, обезбедете му соодветен простор за учење, за да може детето целосно да се сконцентрира на поставените задачи. Ако ова не е можно, проверете дали вашата локална библиотека би му одговарала на вашето дете.
Лоши вештини на фаќање белешки
Способноста на фаќање белешки станува сè поважна особина во средното образование. Ако забележите дека вашето дете не е добро во тоа, вежбајте заедно и помогнете му да ја резимира и организира лекција или сликите, при тоа фокусирајќи се само на најважните сегменти.
Заборавање книги
Невозможно е да се научи без соодветни алатки. Ако вашето дете постојано заборава книги и тетратки дома или на училиште, направете список со работи коишто треба да ги носи тој ден.
Учење напамет
Можеби и вие сте учеле напамет, но тоа не е добар метод на учење. Потребно е повеќе време, трпение, енергија, добар сон и повторување за да се научи нешто и да не се заборави. Научете го и вашето дете, како да го прави тоа, а да остане задоволно и среќно.