СО ПОМОШ НА АБАКУС ОТКРИЈТЕ ГО И ПОТТИКНЕТЕ ГО ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ВАШЕТО ДЕТЕ

/ August 27, 2018/ БЛОГ


Често слушаме во разговорите , дали тоа било со луѓе кои директно се вклучени во развојот на децата или пак се лаици, дека треба децата да ги поттикнуваме во она што се добри, за што имаат талент и дека секое дете има некој свој потенцијал кој треба да го искористи. Некое сака уметност, па лесно го совладува сликањето, музиката, танцувањето и слични активности. Додека пак други деца се наклонети кон природните науки како што се математиката, биологијата и така натаму.
А всушност што е тоа потенцијал? Најчесто кога зборуваме за потенцијалот кај децата, зборуваме за неговиот интелектуален капацитет, менталните и когнитивните способности, односно потенцијали. Тоа би било некоја појдовна точка, нешто што детето го поседува и се што треба да направиме ние е да му овозможиме на детето да го развие својот капацитет до максималните можности. Родителите имаат голема одговорност и тие треба да се спремни да направат се што е во нивна можност да му овозможат на детето правилен развој на потенцијалот што го носи во себе.
Денес ја имаме таа среќа да ни се на располагање и лесно достапни разновидни начини, техники и методи за развој на потенцијалот кај децата. Меѓутоа, често се случува родителите со најдобра намера да сакаат да го насочат детето во еден правец но со тоа потенцијалот за нешто друго, кој што го носи во себе детето, да остане скриен. Тоа се случува затоа што фокусирањето на една област развива една мозочна хемисвера, додека пак во тој случај другата хемисвера останува статична и помалку развиена.
Истражувањата покажуваат дека за најоптимален развој на детскиот потенцијал и интелектуален капацитет е потребно е да се активираат двете мозочни хемисвери. Абакусот е инструмент со кој се постигнуваат неверојатни резултати во оваа област на детскиот развој. Абакусот е направа т.е пресметувалка и со нејзино користење децата ја вежбаат фината моторика, движејќи ги ситните топчиња со прецизно утврдени движења. Ја активираат логичката и аналитичката страна на мозокот така што доаѓаат до заклучок и решение, како со секој нов проблем да добијат точен резултат. Покрај сево ова ја активираат и својата креативна страна така што во одредени фази на работа на абакусот, потребно е физички абакусот да се исклучи од употреба и да се визуелизира тоа значи дека треба да се користи ментално.
Со ова децата максимално ги развиваат своите капацитети и на тој начин ниту еден потенцијал неможе да остане скриен токму затоа што менталното пресметување го тренира мозокот и двете хемисвери истовремено.

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК

МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!