Blog
Подобрување на развојот на дете од предучилишна возраст
- October 14, 2019
- Posted by: Nina Popadinova
- Category: БЛОГ

Покрај познавањето на одредени принципи, како и промените што се случуваат во предучилишниот период, неопходно е трајно подобрување на предучилишното образование. Покрај познавањето на развојните карактеристики на децата од предучилишна возраст, родителите, старателите, како и другите лица вклучени во образованието на децата од предучилишна возраст, се поставуваат и задачи што треба да се спроведат, за да се развие детето во ментално силна личност.
Семејството е најважниот фактор и најзначајното опкружување во кое детето треба да се чувствува слободно, удобно, во кое ќе се развива здраво. Психолозите истакнуваат дека на детето, за правилен развој му е потребна љубов, исто како и здрава храна и чист воздух, а тоа го докажуваат статистичките показатели за проблематично однесување на несаканите, отфрлените, вонбрачните, посвоените деца, како и децата од несреќни бракови итн. Статистичките податоци покажуваат дека децата од хармонични семејства се физички напредни и интелектуално супериорни.
Треба да се води грижа за детскиот физички и морален развој
како и интелектуалните способности, естетското искуство итн. Некои од задачите на родителите во однос на децата од предучилишниот период:
–да им се овозможи на децата да ја задоволат нивната потреба за игра,
– да се создадат предуслови за хармоничен раст и развој и среќно детство,
-да ја негуваат и развиваат приврзаноста на децата со родителите, другите деца и возрасните, нивниот регион, луѓето, другите нации и националности
-да се поттикне интересот и знаењето кај децата за потребата од грижа и заштита, како и за развој на животната средина,
– кај децата да се развиваат чувство на благосостојба, зајакнување на телото и хармоничен ментален и физички развој,
– преку избрани литературни, музички, визуелни и други содржини кај децата да се придонесе за развој на естетски и морални чувства,
– да се развијат чувство на другарство, пријателство, меѓусебна соработка и еднаквост кај децата,
– да го поттикнат, помогнат и да го насочат развојот на детското внимание, меморија, способност, набљдување и размислување,
– да се развие и збогати детскиот речник како значаен фактор во комуникацијата,
– да се стимулира и зајакне интересот кај децата за естетски доживувања на природата и човековата креативност, како и развој на креативната имагинација,
-да им обезбеди на децата основно знаење за природата, животот и работата на луѓето,
-развој на ситната мускулатура (особено рацете и прстите) кај децата како значаен фактор во техниката на пишување,
-да ги подготват децата за успешно вклучување во основното образование.
Покрај погоре наведеното, исклучително е важно за децата да се обезбеди соодветна атмосфера за растење и предучилишно образование, што ќе му овозможи, на секое дете да го развие својот потенцијал и да го пронајде својот пат за напредок и личен развој. Треба да се посвети значително време и енергија на предучилишното образование на децата, бидејќи многу студии докажаа дека ова е најтрофејниот период на развој во кој се поставени темелите кои го одредуваат целокупниот процес на натамошен развој и обликување на човекот.
Исклучително е важна грижата не само за физичкиот раст и развој, туку и за менталниот и интелектуалниот развој на детето. Во почетокот на растот и развојот на детето, родителите играат најважната улога.