OРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА

Наставната програмата е флексибилно и внимателно осмислена, имајќи ги предвид индивидуалните потреби на секое дете. Учењето се практикува во мали групи (6 дo 12 ученици), преку забавни активности, разни игри и натпревари, при што најважни се опуштената и креативна атмосфера, и позитивните емоционални односи. На учениците достапни им се и нашите посебни интернет портали и апликации, на кои можат да ги работат домашните задачи и да важбаат од дома.

Наставната програма прилагодена е на возраста, а постојат и следниве возрасни групи:

  • Предучилишна (oд 4 дo 6 години)
  • Mлада училишна (прво и второ одделение)
  • Средна училишна (трето и четврто одделение)
  • Постарa училишна (пето и шесто одделение)
  • Програмата се состои од 2 нивоа (OСНОВНО и НАПРЕДНО)
  1. Oсновното ниво се базира на употреба на абакус. Во оваа фаза, фокусот на учењето е на моторниот пристап и употребата на сетилни дразби (допир, визуелна перцепција и сетило за слух). Со употребата на абакус децата се подучуваат како да прикажуваат одредени броеви, а потоа со поместување на топчињата да изведуваат разни аритметички операции (собирање и одземање). Кога децата се веќе добро запознаени со абакусот, се преминува на напредното ниво.
  2. Напредното ниво подразбира ментална аритметика и визуелизација. Имено, во оваа фаза се престанува со физичката употреба на абакусот, така да децата сега го визуелизираат, а самите топчиња и математичките операции ги замислуваат ментално. Со создавањето на ментална слика во главата, во зависност од нивото и способноста, децата можат да визуелизираат до 10 абакуси, со тоа истовремено извршувајќи 10 различни математични операции.

Здравиот ментален развој се постигнува на забавен и разигран начин, со програма која се заснова на три клучни работи: сметање со абакус, ментална аритметика и дидактички игри. Големата предност на нашата програма е во единствената online платформа, која пред сè овозможува континуирана комуникација помеѓу предавачите и учениците. Нашите деца преку online платформата можат да ги вежбаат своите ментални капацитети преку игри и натпреварувања во брзо пресметување, како со другарчињата од цела Македонија така и со децата од другите држави.

Училиштето „Малац Генијалац (Malac Genijalac)“, благодарение на лиценцираната програма, на своите ученици им овозможува учество на престижните европски натпревари, како што се Олимпијадите во менталната аритметика.

По завршувањето на образованието, на децата им е овозможено бесплатно продолжување на учењето и вежбањето на менталната аритметика, сè до стекнувањето на мастер диплома.

Eфектот постигнат со учењето останува за цел живот. Децата ги развиваат следниве вештини и способности: исклучителна концентрација и внимание, одлична меморија, развиени рефлекси и претпазливост, фотографско помнење, аналитичко и логично размислување, развиени ментални способности и зголемување на интелигенцијата, развиени сетила за вид, слух и допир, зголемена креативност, збогатена фантазија и подобрена способност за визуелизација.

  1. Tимот на училиштето „Малац Генијалац (Malac Genijalac)” составен е исклучиво од професионални наставници, кои ја поминале меѓународната обука и кои се сертифицирани како Мастер наставници по ментална аритметика. Toа се амбициозни луѓе кои поседуваат стручно академско знаење, најчесто од областа на психилогија, педагогија, дефектологија или од други сродни науки. Сите наставници поседуваат неопходно искуство и проверен сензибилитет за работа со деца.