Нумикон е нумеричко дидактички систем, преку кој се развиваат математичките способности кај деца од 3 до 5 години. Во Велика Британија се применува во повеќе од 6000 училишта. Го создадоа стручњаци од универзитетот Оксфорд, а во 2015 година е прогласен за најдобар светски едукативно математички метод (ЕРА). Нумикон ги опфаќа броевите, основните математички операции и обрасци.
НУМИКОН
Што е Нумикон?

За кого е наменет Нумикон?
- Нумикон е наменет за сите деца на возраст од 3 до 5 години, кои сакаат на лесен и забавен начин да се запознаат со светот на броевите.
- Работилниците се одржуваат еднаш до двапати неделно, во времетраење од два училишни часа.
- Се работи во мали групи, со 6 до 8 ученици.
- Индивидуален пристап со секое дете.
- Прилагоден е и за работа со деца со посебни потреби.

Рано математичко искуство
Математиката е природна наука, затоа запознавањето со неа треба да биде од најрана возраст. Таа е многу важна, затоа што ги објаснува природните појави, коишто се случуваат околу нас, со нејзина помош го мериме времето, траењето на денот и ноќта, смената на годишните времиња… За да им биде математиката интересна на децата, потребно е да се разбуди и развие интерес за неа. Токму поради тоа играта е најдобриот начин за запознавање и дружење со математиката, а Нумикон е одлична можност за тоа!

Кои математички елементи се усвојуваат со Нумикон?
Кои математички елементи се усвојуваат со Нумикон?
- Поим за броевите
- Бројна права
- Пресметување на памет
- Правење шаблони
- Математичко размислување
- Основни математички операции
- Поим за декадниот систем
- Техника на брзо сметање
- Геометриски трансформации
Повеќеслоен пристап во работата
ВАК метод
ВАК методот (визуелно аудитивно кинестетичко) претставува метод на учење кој се заоснова врз нервнолингвистичко програмирање (НЛП) и подразбира вклучување на три сетила (вид, слух, допир).
Нумикон претставува повеќеслоен пристап кон учењето, потпирајќи се на ВАК методот. Свесно користејќи се со различни активности, децата учат преку различните сетила:
Визуелно:
Забележување на елементите
Препознавање по боја и облик
Аудитивно:
Слушање на иструкциите кои ги дава учителот (математички јазик)
Одговарање на прашања (опишување на врските)
Зошто Нумикон е толку успешен во работа со деца?
Благодарение на концептот, во кој процесот на учење и разбирање на математичките поими се одвива преку допир, слики и игра, им се овозможува на децата преку лесен и забавен начин да ги сфатат броевите и основните математички операции. Нумикон нуди бројни можности за игра и истражувања:
- Различно темпо на работа според секое дете
- Елементите се компактни и децата лесно можат да ги користат
- Деца со послаба моторика исто така лесно можат да ги користат
- Материјалите се атрактивни и убави
- Погоден е за колективна и индивидуална работа
- Развива способност за ментално пресметување без употреба на помагала
- Го поттикнува когнитивниот развој и активноста на двете мозочни хемисфери.