НАЈЧЕСТИ ГРЕШКИ СО КОИ ГО КОЧИМЕ РАЗВОЈОТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА КАЈ СОПСТВЕНИТЕ ДЕЦА

/ August 30, 2018/ БЛОГ

Општо е познато дека периодот до седмата година, е период на најголем раст и развој кај детето, како физички така и интелектуално. Кога е интелигенцијата во прашање, најзначаен животен период е оној помеѓу четвртата и шеснаесетата  година, бидејќи тогаш се развиваат повеќе од половина од врските помеѓу невроните, кои потоа ги користиме до крајот на животот.

Точно е дека за интелигенцијата е пресуден генетскиот фактор, но тоа што нас родителите ни “подариле” одреден интелектуален капацитет, не значи дека на него нетреба да се работи. Детската интелигенција е нешто на што може да се работи и што може да се зголемува, од ден на ден.

Пред 15 години, докажано е дека интелектуалните способности зависат од бројот на синапси. Претходно, се сметало дека тие се создаваат исклучиво пред раѓањето, а потоа е утврдено дека 50% од синапсите се развиваат до петтата година, 75% до седмата а останатите до дванаесетата година. После тоа, повеќе не можеме да влијаеме врз интелигенцијата на детето, или ако е можно, тоа би било многу минимално.

Влијанието на родителите врз развојот на бројот на синапсите на нивните деца е возможен веднаш по раѓањето на тој начин што ќе стимулира  стимулативна средина со избирање на бои и облици со кои е опкружено детето, со цел јасно да ги разбере предметите и облиците.

Најголемото влијание на родителите е во фазата кога детето слуша и разбира што му се зборува. Да избреме игри кој го потикнуваат интелектуалниот капацитет на детето во оваа фаза е многу важен, а такви игри се:

  • Меморија

Земете шпил карти. За децата кои сеуште не ги распознаваат броевите, играјте со карти кои имаат исцртани фигури ( дама, поп, џандар). Одвете на страна од сите карти по две, измешајте ги картите и подредете ги во два реда. Потоа детето нека открива по две карти и нека се потруди да го запомни нивниот распоред. Победник во играта е оној кој ќе успее да спари повеќе исти карти.

  • Друштвени игри како што се “Не лути се човече”, “Монопол”
  • Слагалици

Дали сте знаеле дека слагалицата е една од најкреативните игри која помага во развој на логичното мислење, во вниманието, помнењето, помага и во развој на фината моторика и согледувањето врска помеќу поедноставни елементи како целина. Тоа значи дека развива внимание, меморија и односот помеѓу делови и целина која е најголема слабост на децата.

  • Погоди што е ?

Под непроѕирен материјал, сокријте некој предмет. Потоа дадете му на вашето дете да го пипне и да поставува прашања поврзани со него на кои вие треба да одговорите со да или не. Победува тогаш кога ќе открие кој е прикриениот предмет. Оваа игра може да ја играат повеќе деца истовремено.

  • Читање, раскажување

Важноста на секојдневното читање (било да е тоа повозрасните да му читаат на детето или пак самото дете да ги листа своите книги и самото да си “чита”) се рефлектира во развојот на центрите за говор и зголемување на речникот, како и развој на имагинацијата и интелектуалниот капацитет.

После секое читање на бајки и приказни играјте си прераскажување. Поставувајте му на детето едноставни прашања и наведете го да го повтори она што сте го прочитале предходно. Исто така, ако детето сака да додаде нешто во приказната- дозволете му. На тој начин работи имагинацијата на детето и тоа создава своја приказна.

  • Пеење

За детето да пее мора најпрво да ги научи зборовите и мелодијата на песничките. На тој начин детето несвесно учи напамет, а тоа помага во развој на меморијата и го шири детскиот речник на зборови.

  • Цртање, правење фигури од пластелин, колаж

Децата неизмерно уживаат во овие активности, совладуваат нови вештини, развиваат графомоторика и учат да не се срамат да бидат кеативни. Дружењето со боичките, пластелинот и колажот може да трае со саати, и несомнено позитивно влијае на интелектот на детето. Речете му на детето да си ја нацрта омилената играчка, или пак да ја направи од пластелин, но играчката да не е во неговото видно поле. На овој начин детето ги активира “сликите во главата” и работи со меморијата.

  • Физички активности

И на самиот крај, не случајно се наоѓа најважната активност за потикнување на интелектуалниот капацитет на детето а тоа се физичките активности на кој ќе посветиме поголемо внимание.

Најголема корист од физичките активности и грешките кои родителите ги прават во нивната иницијатива:

  1. Ротација околу својата оска– Детето сака да се врти околу својата оска со раширени раце. Родителите го земаат детето за двете раце и се вртат заедно со него.
  2. Скокање со препреки
  3. Игра за одржување баланс– Децата обожаваат да одат по крај или ивица, дали е тоа на линија нацртана на земјата или некое ниско тротоарче, грешка на родителите е тоа што често им го забрануваат тоа од страв да не паднат. Дозволете му на вашето дете па макар и со ваша помош.
  4. Качување по мебелот дома или пак надвор на дрво. Често им забрануваат родителите од страв дека ќе паднат.
  5. Трчање, прескокнување, додавење топка– Ова се активности кои ја стимулираат природната акомодација на окото и со тоа превентиво влијае во некои нарушувања во учењето како што е дислексијата која е тесно поврзана со акомодацијата на окото.

Иако добронамерно им забрануваме на нашите деца да играат некој од овие игри, со страв да не се повредат, од друга страна им дозволуваме игри кои се сосема непотребни и штетни. Се повеќе се сретнуваме дисграфија, дискалкулација, дислексија, нарушување на вниманието и однесување кое влијае врз нормалното функционирање на детето во училиште и обработување на нови информации.

Што се случило? Дали родителите денес премногу се грижат или им се достапни повеќе информации, какви што не им биле на нашите родители. Факт е дека денес родителите премногу се грижат, премногу ги штитат децата и со тоа биолошки ги “оштетуваат”, така што мозокот нема природен стимул да се развива, туку тоа се прави на еден роботски начин со видео игрите пред таблетите. Треба да се грижиме и да ги штитиме децата, но прекумерна грижа и заштита е штетна. На детето кое учи да оди дозволете му да падне. Паѓањето е неизбежно при проодувањето, а развојот на посложените движења влијае на когнитивните способности на детето.

Не им олеснувајте кога ќе се соочат со некоја препрека. Замислете дете кое лази и сака да дофати топка, но има мала прпрека пред него и почнува да плаче. Секогаш е подобро да го охрабрите детето да ја совлада препреката, одошто да му го исчистите патот и да му ја донесете топката пред него. Бидејќи дете кое само доаѓа до решение ќе се почувствува среќно кога ќе ја постигне целта. Наша обврска е само да му го покажеме начините и методите за разрешување на проблемите и тоа да биде низ игра, а тоа самото играјќи си да дојде до решение и крајна цел.

Со ова сакам да посочам дека пред детето секогаш треба да се поставуваат предизвици еден чекор понапред од она што тоа самото може. Дадете му на детето предизвик да направи нешто посложено од она на што е навикнато, но пред тоа вие покажете му како треба да се направи тоа. Познато е дека децата учат преку имитација на возрасните. На крајот на успешно завршената задача детето ќе биде неописливо среќно и полно со самодоверба бидејќи направило нешто што во првиот момент му изгледало тешко и невозможно.

Од разговор со луѓе со долгогодишно работно искуство со деца, велат дека многу од децата на поголема возраст не знаат сами да си ги врзат врвките на патиките, а врзувањето патики ја одразува моторните активности на детето кои се тесно поврзани со интелигенцијата. При набљудување на децата во училницата, согледавме дека поголемиот ден од нив носат патики со лепенки, под изговор на родителите да не се мачат децата при нивно облекање. Исто така, постојат родители кои детето го возат во количка до својата трета година, повторно со изговор да не се мачи детето да не се умори. Со оваа презаштитеност на родителите спрема детето, може да дојде до изумирање на целиот интелектуален потенцијал кој го поседува детето.

Ние во училиштето “Малац Генијалац” како стручњаци имаме за задача да му овозможиме на детето низ игра да учи и да го поттикне својот максимален интелектуален капацитет. Во нашето училиште често се среќаваме се родители, кои се пријатно изненадени со која брзина нивното дете може да пресмета и прочита петоцифрени броеви. Нашиот одговор е секогаш ист, дека секое дете најмногу учи кога не мисли на учење, туку кога играњето му е учење. Кај нас со помош на абакусот, кој го доживува како игра и со движење на топчињата по одредени правила нагоре и надоле, играјќи спонтано усвојува сложени математички оперции а притоа не е ни свесно и не гледа на него како учење.

Исто така во “Малац Генијалац” користиме методи и со помош на абакусот кој го активира неискористениот капацитет на мозокот, наспроти оној кој многу често се употребува во класичното системско образование. На детето во училиште  и за време на учењето не треба да му биде здодевно, бидејќи така ќе биде одбивно и тешко за совладување, тоа треба да биде креативно, стимулативно и да го предизвикува детето да се соочи со неочекувани ситуации каде што самото тоа ќе учи да мисли. А пак секој учител мора да биде модел на извор на среќа и знаење на секое дете.

И за крај, наставникот мора да биде авторитет за децата, кој заедно со родителите ќе создаваат граници до кој детето може да оди. Бидејќи ако ние не поставиме граници, децата сами тоа незнаат да го направат.

Она ште е многу важно е едукацијата на родителите на професионален и објективен начин, бидејќи некогаш се случуваат заблуди и грешки кои е тешко да се поправат ако ние како стручњаци навремено и едукативно не изреагираме.

УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК

МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!