Нашите генијалци се вратија од Олимпијадата со бронза, дипломи и многу насмевки

/ June 18, 2019/ БЛОГ

Заврши четвртата меѓународна Олимпијада по Ментална Аритметика која се оддржа на 16.06 во Белград, Сава Центар. Нашите претставници од училиштата “Малац Генијалац” од Аеродром, Центар, Карпош и Гази Баба се вратија со бронза, дипломи и многу насмевки.

Во конкуренција со 182 училишта од 15 држави и преку 1200 учесници, нашите генијалци ги покажаа нивните генијални „супер моќи“.

Генијалците се натпреваруваа во ментални дисциплини. Но за сите најинтересен беше делот каде генијалците ментално пресметуваат низа повеќе од 50 броеви кои се менуваат со брзина од 2 до 5 броеви во секунда.

Натпреварувањето беше организирано по возрасни групи и тоа во два дела, писмен дел и дел каде што учесниците на возраст од 4 до 12 години пресметуваат ментално. Писмениот дел се подразбира решавање на 120 задачи за 12 минути. Менталниот дел опфаќа ментално пресметување и тоа дирекно и анзан, во кој се употребуваат сите формули.

Оваа Олимпијада кој се организира по четврти пат претставува уникатно и најголемо натпреварување во областа ментална аритметика во Југоисточна Европа. Самата уникатност на Хикари програмата и нашето училиште Малац Генијалац каде што брзо се забележуваат резултатите и напредокот кај децата, на оваа олимпијада секоја година се зголемува бројот на учесници.

Тимот на училиштето Малац Генијалац сака да им се заблагодари на сите генијалци и нивните родители. Браво МАЛЦИ ГЕНИЈАЛЦИ! Горди сме на вас! Вие сте деца кои ќе го променат светот. 🥉👏🏆

Ако и вие сакате да сте дел од тимот на генијалци, СЕПТЕМВРИСКИТЕ УПИСИ СЕ ВО ТЕК. Слободно може да не исконтактирате на 071 890 800 или кликнете тука за онлајн упис.  Направете го вистинскиот избор за своето дете!