Blog
КАКО ВЛИЈАЕ МЕНТАЛНАТА АРИТМЕТИКА НА ВАШЕТО ДЕТЕ
- August 16, 2018
- Posted by: Nina Popadinova
- Category: БЛОГ
Етимолошкото значење на зборот аритметика доаѓа од старогрчкиот збор, кој се состои од а arithmos што значи брои и techne што значи вештина, што во буквален превод би значело “Вештина за бороевите”.
“Вештината за броевите” во менталната аритметика првенствено подразбира извршување на пресметливи операции преку мисловен процес, и тоа: собирање, одземање, множење и делење, како и пресметување на сложени задачи.
Ефектите од менталната аритметика се значајни, долготрајни и разноврсни, бидејќи во позадина се одвиваат и други развојни аспекти кои влијаат на мозочните процеси. Кога ќе се достигне импресивна брзина во пресметувањето, тоа е знак дека се развиени следниве способности:
Концентрација– E многу важна за постигнување посакувани успеси, како за во училиште така и за на факултет, важна е за деловниот но и за секојдневниот живот. Во животот многу често од нас се очекува да извршиме некои задачи во утврден рок, кој речиси секогаш бара цврста концентрација и посветеност. За да собираме и одземаме, множиме и делиме, исклучиво преку мисловен пат, значи дека неопходно е да сме целосно концентрирани, со цел успешно да се реши задачата. Сите знаеме дека е многу лесно да ни одлетаат мислите и да не можеме да се сконцентрираме на она што го работиме. Меѓутоа, пресметувањето на абакус и неговата визуелизација со текот на времето ни овозможува да можеме да се сконцентрираме било кога и било каде, без разлика на околностите, а притоа одржувајќи смирен и сталожен став.
Визуелизација– Присутна е во скоро сите наши планови и активности, односно во создавањето слики во нашиот ум. Визуелизацијата во менталната аритметика се јавува на тој начин што кога ќе престанеме физички да го употребуваме абакусот, ние го визуелизираме, а самите топчиња и операциите кој ни се алатка за пресметување го замислуваме ментално. Со самото создавање на ментална слика во главата, можно е да визуелизираме 10 абакуси и истовремено да извршуваме 10 различни математички операции. Оваа способност ни го олеснува секојдневниот живот, бидејќи визуелизацијата и природната сила на имагинацијата е во основата на креативната енергија која во секој миг ја обликуваат нашата стварност и нашиот живот.
Самодоверба – Во училиштата педагозите и психолозите најчесто се среќаваат со деца со недостаток на самодоверба. Сите ние сме родени со самодоверба, но поради различни фактори таа брзо згаснува. Часовите по ментална аритметика имаат важна улога во регулирањето на добрите и лошите емоции. Како? Брзото пресметување е способност кој со работа може да се постигне. Децата на почетокот се воодушевни од “моќта” која ја поседуваат, кога ќе почнат да работат со абакусот. И оние најсрамежливите, стануваат се погласни во натпреварувањето со своите врсници и тоа значи голем усех во еден независен систем на вредности. Аритметиката всушност е многу апстракна а таа апстракција ни отвара нова димензија во менталниот тренинг. За да бидете одлични со абакусот и менталното пресметување, мора да видите јасна слика на абакус пред себе, а што е поважно при секое менување на сликата вие морате да верувате во својата проценка. Со оваа верба во себе и во својот ум ги градиме најважните темели на нашата личност и тоа самодовербата и самопочитта.
Внимание– Додека го читате овој текст, многу работи се случуваат околу нас. Слушаме различни звуци, забележуваме движења, топло ни е или пак ладно, се присетуваме на настани од минатото, но сепак се трудиме да го ставиме на страна сето тоа и да го читаме текстот. Некогаш тоа е помалку а некогаш повеќе успешно. Вниманието е способност психичките активности да се насочат во одредена насока. Бидејќи работата на абакус бара голем степен на внимание, веќе од првата средба со абакусот може да се забележи дека е тешко да се пресметаат дури и наједноставните задачи ако не сме целосно фокусирани на она што го правиме. По извесно време работење и вежбање на абакусот како и негова визуелизација, вниманието ќе може да се фокусира со леснотија и без напор.
Меморија– На сите ни се случува да заборавиме на накој договор или важен датум. Некогаш оправдувањето за тоа е повеќе а некогаш помалку оправдано. Меморијата, сама по себе е важен сегмент од самите нас, таа е значајна во поврзаноста на минатите настани, сегашниот миг и идните планови. Добра вест е дека таа може да се вежба, но лоша е дека ретко кој тоа го прави. Менталната аритметика, со користење на работната меморија, го зајакнува оној сегмент кој ние го нарекуваме краткотрајна меморија секој пат кога ќе додадеме или одземеме нов број.
Логично и аналитичко размислување– Секој од нас е свесен дека брзото размислување, носењето правилни одлуки и разумно расудување може да ни биде од голема важност во животот. Логиката е вештина за правилно размислување. Логичното размислување го поседуваат оние луѓе кои се способни разумно да расудуваат. Без разлика дали е задача со едноцифрени, двоцифрени или повеќецифрени броеви, таа не може да се реши без детална анализа. Аналитичкото и логичното размислување во менталната аритметика е континуирано.
Фотографска меморија– Фотографската меморија ни го олеснува учењето и помнењето. За подобро разбирање на важноста на овој вид на меморија, ќе нагласиме дека постојат посебни мозочни структури кои спаѓаат во мозочниот систем и се од големо значење на учењето, помнењето и просторната ориентација а особено за визуелните искуства. Оваа мозочна структура е примарна станица за сите податоци што ги регистрираме, информациите се задрживаат тука пред да бидат испратени во долготрајната меморија. Ако информациите се такви да оставиле посебен визуелен впечаток или се обоени со посилни емоции, полесно и побрзо ќе се присетиме на нив. Баш тоа ни го овозможува менталната аритметика, особено поради тоа што ги стимулира позитивните емоционални односи и визуелното решавање на задачите така што ги активира овие структури. Ова особено се покажува со примерот кога децата успеваат да решат една од најтешите задачи, помнење долга низа на броеви (најмалку 20) по нивното прикаживање треба да се присетат на сите броеви по ред како што биле прикажани.
Брзо пресметување– Само по себе не е носечка цел на менталната аритметика- но тоа е важен периметар. Брзината и напредувањето во брзата пресметка, за ист тип на задача да е потребно помалку време, е индикација дека сме на добар пат да ја совладаме менталната аритметика.
Покрај неверојатната брзина при пресметувањето, се подобрува и начинот на кој вашето дете слуша и гледа, ги обработува и разбира информациите, замислува и создава одредна претстава, ги препознава деталите, ги решава проблемите, реагира и така натму. Развојот на сите овие способности е всушност главната цел на менталната аритметика, бидејќи Вешето дете стекнува цела низа на способности кои му се потребни во животот. Училиштето Малац Генијалац е место каде што сето ова се постигнува.
УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК
МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!