Blog
Еден од предусловите за успех во училиште е правилниот начин на учење и помнењето на наученот материјал. Во литературата а и на интернет, може да најдеме бројни совети кои ни помогнат во начинот на учење, постојат разни техники кои може да ги совладаме и методи кои се користат за побрзо и полесно помнење. Меѓутоа во секоја од тие теории се препорачува тренинг на мозокот, односно како да научиме да учиме. За ефикасно учење и помнење неопходно е да се стимулира работата на мозокот, да се развијат центрите кои се одговорни за помнењето, учењето, меморирањето и размислувањето.
Најефикасен начин да се постигне развој на овие делови од мозокот кои се одговорни за учењето е употребата на абакус, како практично така и визуелно. Работата на абакус како и неговата визуелизација, ги активира мозочните центри кои се одговорни за аналитичко и логичко размислување, помнење и меморија, визуелизација, фокус, внимание, концентрација, па и самодоверба и интелигенција. Сите овие работи се основа за лесно и брзо учење.
Постојат голем број на загатки и игри за деца каде што децата се охрабруваат да размислуваат, каде што треба да направат некои ментални напори за да совладаат одреден задачи. Абакусот во вакви случаи се покажува како одличен инструмент, бидејќи децата во една задача која се состои од низа броеви кои треба да се собираат и одземаат, множат и делат, додека ментално пресметуваат, мора да го преименат бројот во број на абакусот, да употребат одредена формула така што би додале или одземале на веќе постоечкиот резултат, потоа да го меморираат добиениот резултат, па на него повторно да го додадат следниот број. Ова може звучи лесно, но всушност е одлична обука за мозокот што ја стимулира менталната активност и ги развива когнитивните способности на децата.
Покрај овие, добиваме и таканаречени физиолоши и невролошко промени со работа на абакусот, ние кај децата на овој начин развиваме и останати способности кои се предуслов за успешно и брз учење и помнење. Една од нив е секако и самодовербата, вербата дека ќе успееме во своите замисли и цели, и позитивно мислење за себе и за своите активности. Исто така на овој начин се гради и позитивен став кон учењето, се ослободуваме од стравот од неуспех и успешно го елиминираме, или барем го намалуваме, отпорот спрема новите предизвици и препреки.
Кога децата имаат позитивен став за себе, кога немаат страв и отпор кон учењето, тогаш автоматски им се покачува мотивацијата и желбата за понатамошен развој, а подоцна и за усовршување и надоградување. Тие се гладни за нови знаења, а притоа немаат негативен став кон напорот што треба да го вложат во остварување на нивната цел.
Од ова доаѓаме до заклучок, кога започнуваме од оние овие основни работи, кога го потикнуваме развојот на детските ментални способности, започнува и лавина од позитивен напредок во менталниот и личниот развој на детето. Училиштето МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ, користејќи абакус, е уникатно по тоа што преку еден навидок архаичен начин успева да охрабри цел систем на позитивни промени кај детето. Децата во МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ учат да учат и да памтат, се забавуваат со работата на абакусот и како конечен резултат добиваме успешен ученик, кој може да научи, а подоцна и задоволна и успешна возрасна личност.
МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!