Зошто Малац Генијалац

1.

Малац Генијалац е единственото училиште во Европа, коешто спроведува оригинална јапонска програма по ментална аритметика – ХИКАРИ . Програмата користи единствен и ефикасен метод, кој потекнува од Јапонија, земјата колевка на менталната аритметика.

2.

Благодарение на уникатниот метод, нашите ученици за кратко време постигнуваат извонредни резултати. По само два месеци настава, учениците можат да пресметуваат ментално, што не е случај кај другите програми по ментална аритметика, бидејќи не даваат такви резултати.

3.

Програмата е флексибилно и внимателно осмислена и прилагодена на индивидуалните потреби на секое дете. Предавањата се практикуваат во мали групи, преку забавни активности, разни игри и натпревари, при што најважна е релаксираната и креативна атмосфера и позитивните емотивни односи, кои постојано се градат.

4.

Покрај основниот фонд на часови (12 месечно), на секое дете му се одржуваат онолку часови, колку што навистина му се потребни, за да го совлада предвиденото градиво. Што значи, дополнителните и додатните часови им се достапни на сите оние, на коишто им се потребни. Нашата цел е секое дете да го достигне својот максимален потенцијал, затоа ние на нашите деца им обезбедуваме дополнителен наставен фонд на часови (до 20 часа месечно), што не го наплаќаме.

5.

Во нашето училиште, учениците го користат оригиналниот јапонски Соробанабакус направен според јапонските стандарди, исклучиво од природни материјали (бука и бамбус).

6.

Нашиот тим се состои од професионални наставници, коишто успешно ја поминаа меѓународната обука и се овластени како тренери по ментална аритметика.

7.

Единственоста и супериорноста на нашата програма се рефлектира и во примената на иновативната технологија. Со употребата на современи веб-апликации се обезбедува ефективна поддршка за решавање на домашните задачи. Така, нашите ученици можат да ги решаваат домашните задачи преку веб-платформата, да ги практикуваат научените знаења или да се натпреваруваат со други ученици ширум светот.

8.

Малац Генијалац е училиштето на европските шампиони (Европското првенство по ментална аритметика – Базел, 9 – 12 мај 2018 година) и организатор и учесник на важни меѓународни натпревари, што им овозможува на нашите ученици, да учествуваат на престижни светски натпревари и Олимпијади по ментална аритметика. На овој начин, децата се стекнуваат со драгоцено искуство и го развиваат својот здрав натпреварувачки дух.

9.

По успешното завршување на школувањето, на нашите ученици им е овозможено да го продолжат своето усовршување и да станат стручњаци по ментална аритметика и сето тоа бесплатно.

10.

Когнитивните ефекти постигнати со учење на нашата програма, не се губат по завршувањето на школувањето, туку стануваат трајни способности и вештини, коишто нашите мали генијалци ќе ги поседуваат во текот на целиот свој живот.

ВРЕМЕ Е, нека ова биде најдобрата година до сега!

Малац Генијалац е програма која ќе му помогне на вашето дете да го извлече најдоброто од себе. Малац Генијалац ќе го научи вашето дете како ефикасно да учи, брзо помни и да ги искористи своите потенцијали.

Малац Генијалац е програма која му овозможува на вашето дете да постигне подобри резултати на сите полиња, од училишни до спортски обврски.