ДЕЦАТА И ЧИТАЊЕТО: КНИГАТА НЕКА БИДЕ НАЈДОБРАР ПРИЈАТЕЛ НА ВАШЕТО ДЕТЕ

/ August 19, 2018/ БЛОГ

Зошто детето треба да чита?

Читањето на детето уште од најрана возраст е многу вашно за неговиот развој, идниот школски па и деловен успех. Истражувањата покажуваат дека не децата на кои им се читало уште од најрана возраст, се развиваат побрзо, покажуваат поголем интерес за животната средина, подобро комуницираат, брзо учат и тоа е директно поврзано со нивните успеси во иднина. Исто така, истражувањата покажуваат дека ненадокнадно е она што не е стимулирано во раното детство. Додека слушаат што читате, децата го чувствуваат јазикот на сосема поинаков начин. Дури и многу мало дете ужива додека му се чита, посебно ако го менувате гласот, имитирајќи различни јунаци од приказните. Има многу придобивки од читањето книги. Читањето го подобрува менталното, емоционалното и физичкото здравје на децата.

Присуството на книги во домот, освен што наметливо укажува на читање, покажува што во тоа семејство се смета за вредност, на што се придава значење. Не е исто дали животниот простор е исполнет со огледала и справи за вежбање или со книги. Воспитувањето не е едноставна работа, за жал, неможеме само да зборуваме за тоа што би требало направиме и какви треба да бидеме, само да зборуваме за убав однесување, квалитетни особини и посакувани навики не е доволно. Родителскиот примет и начинот на живот мора да се совпаѓаат со она што го зборуваат, нивното однесување мора да ги одразува вредностите што ги претставува, самите тие треба да го прават она што го очекуваат од своите деца. Истото важи и за будењето на љубовта кон читањето. Децата ќе го засакаат читањето и ќе развијат навика за читање само ако читањето и книгата заземаат важно место во семејството.

Детето ќе биде поуспешно ако му читате

Родителите често се жалат дека нивните деца не читаат доволно, но ако му читате на вашето дете уште од најрана возраст ќе поставите темели за љубов спрема читањето и книгата. Во исто време тоа е одличен начин за квалитетно поминато време со вашето дете. Покрај тоа, читањето кај децата развива чувство за причинско-последични врски. На оние деца на кои им се чита, и самите ќе научат порано да читаат и пишуваат, а школските обврски нема да претставуваат проблем за нив.

Може да се чита речиси на секаде. Но исто така е важно да се создаде ритуал за читање во точно определено време од денот, односно на детето да му се чита навечер пред спиење или пред попладневниот одмор. Децата не треба да ги присилувате да ја слушаат целата приказна и треба да им читате онолку долго колку што тие сакаат да слушаат. Како што расте детето, времето на слушање на приказната треба да биде подолго. Само 15 минути гласно читање дневно помага во развој на детето.

Колку е важно читањето книги за децата

Тематиката и комплексноста на книгите се менуваат како што растат децата. Имајте на ум дека и децат имаат во одредена мера изграден вкус, така да понудете му на детето само да си ја избере книгата што сака да му ја прочитате. Не читајте пребрзо и потрудете се да му ги објасните непознатите зборови со кој ќе се сретнете во текот на четивото. За време на читањето покаже те му ги илустрациите на детето, а кога ќе завршите, разговарајте за она што сте го прочитале во книгата. Книгите за најмалите, односно сликовниците, се менуваат со растењето на децата, како и содржината и количината на информации кои ги нуди. За бебињата се сликовници со текстилен материјал и со големи слики, како што расте детето бројот на сликите се намалува и текстот станува по обилен. Сликовниците се исклучиво корисни за решавање на одредени проблеми како што се предолго носење пелени, раѓање на братче или сестриче, средување на играчките и слично. Децата се истоветуваат со ликовите во сликовниците и книгите така што добрите постапки и манири на херои и ликови од книгите  ги впиваат како сунѓер и се истоветуваат со нив.