ВО ТЕК СЕ СЕПТЕМВРИСКИТЕ УПИСИ НА НОВИ ГЕНИЈАЛЦИ- закажете бесплатен демо час и тестирање

/ August 16, 2019/ БЛОГ

Се наоѓаме на прагот пред новата учебна година а “Малац генијалац” со широко отворени врати ги очекува своите генијалци. Ако сакате вашето дете да ги развие своите потенцијали во целост и да напредува во учењето, вистинското место за тоа е училиштето за ментална аритметика Малац Генијалац. Децата кои што го посетуваат нашето училиште со нетрпение го чекаат секој нареден час, бидејќи кај нас едукативниот процес се одвива низ игра и во позитивна атмосфера.

Програмата со која работи училиштето Малац Генијалац се вика Хикари и потекнува од Јапонија. Составена е од повеќе сегменти, а основна цел е детето максимално да ги разбуди своите ментални капацитети и да стане мал генијалец. Децата покрај брзото пресметување, развиваат и многу други ментални вештини, како што се  логично размислување, концентрација, визуелизација и фотографска меморија. Со развивање на овие вештини на време, на децата им се олеснува учењето и помнењето, а воедно ќе им се олесни идното образование.

Децата на возраст од 4 до 12 години имаат биолошки предиспозиции да ги развијат своите ментални способности до крајна граница. По оваа возраст, овие предиспозиции рапидно опаѓаат.

Учењето се заснова со употреба на древната пресметувалка абакус (јапонски: соробан), со чија визуелизација се постигнува извонредно брзо пресметување, каде што децата преку мисловен пат извршуваат комплекси и различни математички операции. Научните истражувања се доказ дека менталното пресметување претставува најдобар тренинг за мозокот. Наставната програма се одвива на две нивоа ( основно и напредно) кое се прилагодува на возраста.

Дека ова не е само приказна, се потврдува дека во нашиот регион ова училиште постои во 12 земји и  успешно работат 182 училишта, за што може да сведочат 28,325 успешни и задоволни корисници.

Личност која е ментално јака полесно може да се справи со предизвиците од секојдневниот живот. Затоа, драги родители овозможете му на вашето дете на лесен и брз начин да се справува со предизвиците со кои се соочува во текот на животот.

 

За сите дополнителни информации околу уписите и закажување на бесплатно тестирање, може да го исконтактирате вашиот локален центар или извршете онлајн упис.

МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!