ВО ТЕК Е ЈАНУАРСКИ УПИСЕН РОК

/ December 2, 2018/ БЛОГ

Личност која е ментално јака полесно може да се справи со предизвиците од секојдневниот живот, затоа драги родители овозможете му на вашето дете лесен и брз начин да се справи со предизвиците со кои се соочува во секојдневниот животот. Тоа може да го потигнете само со тренинг на мозокот односно со ментална аритметика.

Менталната аритметика е способност за пресметување и воедно добивање точни резултати, без користење на лист и пенкало, калкулатор или некое друго техничко помагало. Оваа способност  може да се развие само кај  деца, на возраст од 4 до 12 години, бидејќи во тој период детскиот мозок се развива најмногу. Вештините и способностите кои се развиваат кај децата се: концентрација и внимание, одлична меморија, развој на рефлекси, фотографска помнење, аналитичко и логичко размислување, развивање на ментални способности и растење на интелигенцијата, разивање на сетилата за вид, слух и допир, зголемена креативност и способност за визуелизација.

Во нашето училиште применуваме оргинална јапонска програма ХИКАРИ, со чија помош нашите ученици ги испраќаме на престижни европски напреварувања. Ефектите кои се постигнуваат со учење на ментална аритметика остануваат за цел живот.

Наставната програма прилагодена е на возраста, а постојат и следниве возрасни групи:

  • Предучилишна (oд 4 дo 6 години)
  • Mлада училишна (прво и второ одделение)
  • Средна училишна (трето и четврто одделение)
  • Постарa училишна (пето и шесто одделение)

Програмата се состои од 2 нивоа (OСНОВНО и НАПРЕДНО)

  • Секое ниво трае по 10 месеци (120 часа)
  • Основниот фонд опфаќа 12 часа месечно (еднаш неделно по три школски часа)
  • Наставата ја следи класичната школска година (септември-јуни)
  • На крајот на секое ниво се полага тест и се добива сертификат за завршеното ниво.
  • Децата за да можат да ја почнат обуката мораат да ги познаваат броевите од 0 до 9, да го разбираат нивното значење и да знаат да ги пишуваат.
  • За помалите деца (4 и 5 години) организираме подготвително ниво во траење од 2 месеци.

За сите дополнителни информации околу уписите и закажување на бесплатно тестирање, може да го исконтактирате вашиот локален центар.

МАЛАЦ ГЕНИЈАЛАЦ- ЗА ДЕЦА КОИ ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ!