АБАКУС

Што е абакус?

Кога го дефинираме терминот абакус, мора да бидеме особено внимателни и да посветиме посебно внимание на неговите особености. Едноставно кажано, абакусот е древна сметалка. Сепак, абакусот не може само да се смета како сметалка, затоа што на него не се пресметува! Тој, всушност, го потпомага пресметувањето, но без автоматизација, бидејќи пресметувањето на абакусот всушност се одвива во мислите, на оној кој го употребува истиот.

Како се пресметува на абакусот?

Кога пресметуваме класично, со помош на хартија и молив, секогаш започнуваме со единиците, па потоа десетките, стотките и така натаму… Пресметувањето на абакусот се одвива во спротивна насока, почнувајќи со колоната со највисока вредност, па постепено движејќи се накај единиците. Со ова се постигнува, целосно сфаќање на големината на броевите

Абакусот се состои од правоаголна рамка, која е поделена со бимот (преграда), на горен и долен дел. Поставени се неколку вертикални столбови, на кои се наоѓаат нанижани топчиња, по едно во горниот дел на бимот и четири во долниот дел од бимот. Пресметувањето на абакусот се одвива со движење на топчињата, кои се сметаат како одредена вредност, кога ќе го допрат бимот (топчето од горниот дел ако биде поместено надолу, а топчињата од долниот дел ако се поместат нагоре). Вредностите на топчињата се менуваат според редоследот на столбовите, во насока од десно кон лево, од единици кон десетки, стотки и така натаму. На првиот столб, топчето од горниот дел има вредност 5, на вториот столб има вредност 50, на третиот столб има вредност 500 и така натаму. Топчињата од долниот дел имаат вредност: на првиот столб 1, на вториот столб 10, на третиот столб 100 и така натаму. Со оваа структура на абакусот, како што веќе напоменавме, може да се претстават комплицирани броеви на лесен и едноставен начин. Да речеме, бројот милион на абакусот се пишува со само едно топче, и тоа со едно топче од долниот дел, на седмиот столб. Со овој пример, можеме сликовито да ја согледаме вредноста на абакусот, кој овозможува, бројот да се перцепира како материјален предмет, а не исклучиво како апстрактен термин. Така, секој број, колку и да е голем (под услов да имаме релативно голем абакус), може лесно и едноставно да се претстави со соодветно распоредување на топчињата на абакусот.

Доколку сакате вашето дете да научи како да користи абакус и да влезе во светот на „малите генијалци“, разгледајте ја нашата програма по ментална аритметика.

ВРЕМЕ Е, нека ова биде најдобрата година до сега!

Малац Генијалац е програма која ќе му помогне на вашето дете да го извлече најдоброто од себе. Малац Генијалац ќе го научи вашето дете како ефикасно да учи, брзо помни и да ги искористи своите потенцијали.

Малац Генијалац е програма која му овозможува на вашето дете да постигне подобри резултати на сите полиња, од училишни до спортски обврски.